Визија: Општество на информирани, одговорни и активни граѓани, кои ги уживаат и промовираат принципите на еднакви можности, недискриминација и дијалог кој охрабрува активизам, и води кон личен и колективен развој на заедницата.
Мисија: Унапредување и зајакнување на граѓанското општество и локалните заедници преку подобрување на неформалната директна и индиректна едукација на населението, поттикнување на граѓанското учество и активизам, промоција на недискриминација и зајакнување на ранливите членови на заедниците, зајакнување на меѓуетничките односи, како и економски и културно уметнички развој.
Здружението на граѓани АктивУм ја остварува својата мисија преку информирање, едукација, дискусија, соработка и развивање на културни, уметнички и социјални програми, со акцент на вклучување на младите.
Цели, задачи и активности на здружението:
1. Унапредување и афирмација на сите аспекти на културниот живот на локалното население со цел подобрување на квалитетот на живеење и мотивација за учество во донесувањето на општествено одговорни одлуки;
- Промовирање на интернационална и интеркултурна размена во сферата на културата и уметноста;
- Организирање јавни културно-уметнички настани кои промовираат општествена одговорност, солидарност или грижа за локалната заедница;
- Соработка со локални и национални артисти и културно-уметнички здруженија во насока на анимирање на младите и јавноста на теми од општествена важност;
2. Поддршка и јакнење на младинскиот активизам и волонтерство во локалната заедница:
– Креирање на можности за младите да се стекнат со искуства од областа на културата, да учествуваат во едукативни програми и да ги развиваат своите креативни способности, критичко мислење и комуникациски вештини;
– Развивање на активности за култивирање на позитивни вредности и ставови кај младите;
– Запознавање и негување на мултиуетничноста како принцип за здраво граѓанско општество;
– Намалување на постоечкиот дискриминаторен јаз помеѓу децата од урбани и рурални заедници преку поттикнување на взаемни активности и соработка;
– Запознавање со правата и обврските кои ги уживаат како граѓани на демократско општество и важноста на нивната улога како креатори на јавното мислење и креатори на политики кои се во интерес на целата локална заедница;
3. Промоција и заштита на човековите права на сите маргинализирани категориии на граѓани и зајакнување на ранливите членови на заедницата, со посебен фокус на лицата со физичка и ментална попреченост:
– Развивање програми/активности за социјална инклузија и интеграција на лица со попреченост;
– Перманентно и контиунирано усовршување на сите стручни лица кои се занимаваат со проблемите на децата со развојни нарушувања, а се со цел запознавање со најнови научните достигнувања и нивна имплементација во практиката;
– Советување и организирање средби на родители заради размена на позитивно искуство;
– Подигање не индивидуалната и колективната свест на граѓаните за разбирањето на можностите и потребите на лицата со попреченост преку различни работилници и средства за масовна комуникација;
– Давање соодветна помош при вработување на лица со посебни потреби во корелација со владините програми за вработување инвалиди и Заедницата за заштитни друштва – ЗАПОВИМ;
– Спроведување на активности за рушење на стереотипите и промоција на принципите на недискриминација кон различните групи и членови на заедницата (по основ на род, пол, сексуалност, општествен статус, здравствен статус, возраст, физичка или ментална попреченст, јазик, етничка припадност, религија итн);
4. Вмрежување и соработка во рамки на самата, но и со други локални заедници со цел размена на искуства и добри практики во решавањето на локалните и универзалните потреби на сите категории на граѓани во самата локална заедница;
– Остварување на соработка со Локалната самоуправа во Куманово;
– Потпишување на меморандуми за соработка со други невладини организации кои работат на остварување на слични идеи и цели, основни и средни училишта, јавни институции во градот и пошироко;
– Застапување кај надлежните институции за поефикасно остварување на целите;
– Развување соработка со локални и други медиуми со цел зголемување на видливоста и интересот за темите за кои се залага Здружението;
5. Зајакнување на капацитетите на Здружението АктивУМ, со цел поефикасно спроведување на мисијата и целите:
– Развивање на акциски и финансиски план за 2019 година;
– Обезбедување простор за непречено одвивање на активностите;
– Зголемување на бројот на членови и активисти преку анимирање и активирање на младите луѓе;
– Развивање на канали за комуникација со членовите, партнерите и јавноста како што се веб страна и профил на здружението на социјалните медиуми;
– Прибирање на средства за проекти и активности кои водат кон остварување на мисијата и целите на Здружението на локално, национално и интернационално ниво;