Здружение за активизам, едукација, култура и уметност “АктивУМ” Куманово е здружение на граѓани посветено на промовирање, информирање, едукација, дискусија, соработка и развивање на културни, уметнички и социјални програми, со акцент на вклучување на младите. Формирано е со слободно здружување на граѓани во 2002 година, а пререгистрирано во 2019 година.
Водени од визијата – Општество на информирани, одговорни и активни граѓани, здружението се стреми целосно да ја исполни својата мисија наунапредување и зајакнување на граѓанското општество и локалните заедници преку подобрување на неформалната директна и индиректна едукација на населението, поттикнување на граѓанското учество и активизам, промоција на недискриминација и зајакнување на ранливите членови на заедниците, зајакнување на меѓуетничките односи како и економски и културно уметнички развој.
Цели на Здружението:
- Унапредување и афирмација на сите аспекти на културниот живот на локалното население со цел подобрување на квалитетот на живеење и мотивација за учество во донесувањето на општествено одговорни одлуки
- Поддршка и јакнење на младинскиот активизам и волонтерство во локалната заедница
- Промоција и заштита на човековите права на сите маргинализирани категориии на граѓани и зајакнување на ранливите членови на заедницата, со посебен фокус на лицата со физичка и ментална попреченост
- Вмрежување и соработка во рамки на самата, но и со други локални заедници со цел размена на искуства и добри практики во решавањето на локалните и универзалните потреби на сите категории на граѓани во самата локална заедница
- Зајакнување на капацитетите на Здружението АктивУМ, со цел поефикасно спроведување на мисијата и целите
Начелата според кои се раководи здружението се еднакви можности, недискриминација, вклученост, родова еднаквост и дијалог кој охрабрува активизам и води кон личен и колективен развој на заедницата.