Урбаната култура ги поврзува младите од Западен Балкан

Урбаната култура ги поврзува младите од Западен Балкан е заеднички проект на Центарот за локална демократија Суботица, Агенцијата за локална демократија Никшиќ и Граѓанскиот Центар АктивУМ од Куманово.

Целта на проектот е да се поттикне младинската мобилност и учество во регионалната соработка и размена како алатка за развој на професионалните вештини, професионална обука и економско зајакнување на младите. Активностите се насочени кон зголемување на учеството на младите во процесите на донесување одлуки и соработка со локалните власти за развој на професионалните вештини и економско зајакнување и подобрување на знаењата и претприемачките вештини на младите за развој на старт-ап во ИТ секторот преку зголемена регионална соработка и размена на добри локални практики во трите градови.

Активностите вклучуваат:

1.            Подготовка и креирање на компаративна анализа заснована на теренско истражување на положбата на младите во три града: законска и институционална рамка, механизми за вклучување на младите во локалните јавни политики, учество во младински клубови, можности за образование и професионален развој итн;

2.            Организација на Регионален тематски панел, чија цел е размена на добри локални практики во спроведувањето на младинските политики, особено во делот на економското зајакнување, вработувањето и подобрувањето на претприемачките вештини;

3.            Студиска посета на Суботица од претставници на локалните самоуправи Никшиќ и Куманово, како и дводневна обука за млади од областа на зајакнување на претприемничките вештини во ИКТ секторот во соработка со ИТ кластерот Суботица;

4.            Регионалната програма за мобилност за унапредување на професионалните вештини на младите идни ИТ претприемачи се состои од размена и работна пракса за по двајца млади од секој град во времетраење од 5 работни дена. Во програмата за размена се вклучени локални институции како младински центар, локални невладини организации, здруженија на претприемачи, културни и образовни институции, ИКТ кластери;

5.            Ќе се организираат локални активности со цел да се придонесе за подобро информирање на младите и нивно вклучување во локалните јавни политики преку локална јавна дебата и препораки за нивно подобрување, како и креирање на онлајн Водич за вработување и зајакнување на претприемачките вештини.

Во текот на проектот ќе се организираат заеднички промотивни активности прилагодени на младата популација.

Иницијативата е дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) финансирана од Европската Унија (ЕУ) и имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

За повеќе информации за програмата ReLOaD2, посетете го следниот линк: https://www.undp.org/bosnia-herzegovina/projects/regional-programme-local-democracy-western-balkans-reload

Posted on

Завршен настан на проектот “Think b4 you click – Кликни пред да размислиш”

На 25ти Март, 2024, во Занатскиот Дом во Куманово, се случи завршниот настан на проектот “Think b4 you click – Кликни пред да размислиш” кој Граѓански Центар Активум заеднички го спроведуваше со ООУ Крсте Мисирков, од почетокот на школската година. Активностите на проектот беа насочени кон превенција и справување со онлајн булинг меѓу учениците во Куманово, а на самиот настан учество земаа голем број наставници, ученици, родители, но и поддржувачи од општината.

Г-ѓа Ивана Ѓорѓиевска, Претседател на Совет на општина Куманово се осврна на важноста од мултисекторскиот пристап и соработката меѓу училиштата и граѓанските организации во едукацијата на младите да препознаваат, но и да се охрабрат да пријават врсничко насилство.

Г-дин Александар Јовановиќ, Раководител на Сектор за образование во општина Куманово, даде осврт на состојбата со сајбер булинг во општината базирано на анкета која секторот за образование ја има спроведено во училиштата, активностите на училиштата во превенцијата на истото и важноста од континуитет во работата и примена на наученото.

Резултатите од проектот во рамки на училиштето ги презентираше г-ѓа Александра Стаменковска, Директор на ООУ “Крсте Мисирков”, а Г-дин Дејан Спасовски, Инспектор по компјутерски криминал од СВР Куманово, го сподели своето искуство во превентивната работа со учениците и наставниците, но и типовите на проблеми и решавање преку полициски постапки во општината.

На настанот чуество земаа и средношколците од драмската секција од гимназијата “Гоце Делчев”, кои спремија драмска сцена како вовед во темата сајбер насилство меѓу младите, по што беше промовирано и краткото едукативно видео “Размисли пред да кликнеш” кое можете да го погледнете на следниот линк:

Настанот беше заокружен со дружење и разговор со учениците, пиер едукатори од ООУ Крсте Мисирков кои учествуваа во активностите на проектот, и разгледување на ликовните творби кои ги изработија за време на работилниците за сајбер насилство.

Организацијата на настанот и проектните активности на “Think b4 you click – Кликни пред да размислиш” се финасиски поддржани од Фондација Отворено Општество Македонија.

Posted on

Педагошки прирачник за алатки за одлучување

На 14 ноември 2023 година завршува проектот “ОДЛУЧУВАЧ – Подобрување на животните
искуства на возрасни лица со посебни потреби за учење, обучувачи и родители преку
поддржано донесување одлуки“. Овој проект 36 месеци го спроведуваат Граѓански Центар
Активум од Куманово заедно со европските партнери од Шпанија, Полска, Грција и
Литванија во рамки на Еразмус + програмата за образование на возрасни. Целта на
Одлучувач е да го покрие недостигот од информатички образовни и тренинг ресурси
на тимовите кои работат на полето на попреченост, преку имплементација на
методологијата за Поддржано Донесување на Одлуки (ПДО).
Поддржаното донесување одлуки (ПДО) е алатка која им овозможува на лицата со
попреченост да ја задржат својата способност за одлучување преку избирање на
поддржувачи кои ќе им помогнат да направат избор. Во ПДО, лицето никому не му
дава овластување да одлучува во негово/јзино име; попрво ја структурира поддршката
што му/и е потребна за да донесува сопствени одлуки.
Досега Активум и партнерите изработија низа на алатки како што се Водич со анализа
на ситуацијата за ПДО, мобилна апликација Одлучувач, брошура во лесно читлива
форма, мултимедијален пакет – дигитални алатки, Методологија за ПДО, а како
последена активност беше изработка на Педагошки прирачник за алатки за
одлучување.
Овој педагошки прирачник ќе биде посебно наменет за обучувачи и професионалци
од организации кои работат во социјалниот сектор или во услуги наменети за лицата
со инвалидитет. Работата во социјалната заштита бара висококвалитетни и иновативни
обуки за тренерите/едукаторите кои работат со лицата со интелектуална попреченост.
Целта на овие активности е обезбедување на услуги според стандардите на
Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност како и зајакнување на нивната
самостојност и автономија.
Педагошкиот прирачник е преведен на 7 јазици и може да се најде на проектниот веб
портал: http://decider-project.eu/

Posted on

Граѓански Центар Активум и ОУ Крсте Мисирков работат на зголемување на интернетбезбедноста меѓу ученици и наставници


Од септември оваа година, Граѓански Центар Активум и ОУ Крсте Мисирков од Куманово,
започнаа со спроведување на низа активнсти за намалување и подобро справување со сајбер
булингот меѓу учениците на возраст од 11 до 15 години. Клучните активности во проектот
насловен “Think b4 you click – Размисли пред да кликнеш” се спроведување на низа
работилници со учениците за зголемување на свесноста за сајбер булингот и последиците,
негово препознавање и заштита од истото, но и работилници со наставниците за зајакнување
на нивните дигитални вештини/познавање и подобрување на дигиталната опременост во
училиштето. Работилниците се спроведуваат во соработка со училишен професор по
информатика, училишен педагог, но и претставник на СВР Куманово, Сектор за компјутерски
криминал.
Паралалено со работилниците, ќе се креира безбедно сандаче за анонимно пријавување на
случаи на насилство и барање на поддршка, ќе се креираат визуелни ресурси за превенција
базирани на реални сценарија, и ќе се креира широка мрежа на пиер едукативни сесии на
одделенските часови со цел темата да продолжи да се разговара и надградува во текот на
цела школска година.
Веќе подолго време медиумите во нашата држава известуваат за алармантен број на жртви од
сајбер насилство при што учениците и родителите не знаат како да ги решат проблемите, а
училиштата бараат модел и превентива како да се справат со истиот. Општина Куманово не е
имуна на ваквите трендови.
Пред започнувањето на активностите, а преку разговор со наставниците од училиштето е
утврдено дека наставниците се свесни дека учениците ги користат социјалните мрежи без
родителски надзор и создаваат профили на интернет без разлика на возрасното ограничување
или типот на содржината. Свесни се и дека сајбер булинг постои и дека децата не
препознаваат дека нивните постапки се акт на насилство кое има последици, не знаат како да
се заштитат, и не секогаш препознаваат дека се жртви на насилство за кое имаат право да
бидат заштитени, наместо засрамени.
Засега во општина Куманово не постои стратешки и кооридниран пристап кон дигиталната
писменост и сајбер насилството, ниту одржливи активности на оваа тема. На овој проект
гледаме како пилот активност која може да претставува добра основа за иницирање и
надградување на понатамошни активности во доменот на дигитализацијата и младите во
нашата општина, како и потенцијалите на соработка меѓу здруженијата на граѓани и локалните
институции и училишта.
Активностите се поддржани од Фондација Отворено Општество Македонија.

Posted on

Завршен настан на проектот “Одлучувач”


На 27ми Септември, во Куманово Спа, Граѓански Центар Активум организираше завршен
настан на проектот “Одлучувач – Подобрување на животните искуства на возрасни лица со
посебни потреби за учење, обучувачи и родители преку поддржано донесување одлуки”.
На настанот беа презентирани онлајн алатките кои се изработија во рамки на проектот и се
споделија искуствата од нивната примена во самостојното и независното донесување одлуки
на лицата со попреченост. Целта е да преку користење на дигитална технологија лицата со
интелектуална попреченост можат и треба олеснето да донесуваат самостојни и независни
одлуки поврзани со нивниот живот.
Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата К204-Стратешки партнерства во образованието
на возрасни лица, а се спроведува во партнерство со организации од Полска, Литванија,
Шпанија и Грција

Posted on

ТРАНСНАЦИОНАЛЕН СОСТАНОК ОДРЖАН ВО СКОПЈЕ


Граѓански Центар Активум беше домаќин на транснационален состанок на во рамки на
Еразмус+ проектот – ОДЛУЧУВАЧ.
На 2ри и 3ти Октомври, во Скопје, 25 професионалци, застапници и лица со интелектуална
попреченост од Активум (Северна Македонија), Псони (Полска), Вилтис (Литванија), Поддршка
Жирона и Кампус Арнау (Шпанија-Каталонија) се сретнаа да разговараат и да ја оценат фазата
на пилотирање – како интернет алатките развиени во рамки на ОЛУЧУВАЧ се корисни во
секојдневната работа со лицата со интелектуална попреченост.
Имавме заедно два полни дена со презентации, евалуации, игри и дискусии!

  • Го оценувавме водичот на ОДЛУЧУВАЧ. Истражувачки извештај кој собира приказни за
    Поддржано Донесување на Одлуки (ПДО) од лица со попреченост, семејства и поддржувачи.
  • Ги оценувавме сите алатки од пилотирањето: ментиметар, прашалник за родители, видеа,
    апликација за учење, милионер за родители и професионалци. Сите партнери разговараа за
    корисноста на алатките на Одлучувач и нивното влијание врз работата.
  • Ја оценувавме ОДЛУЧУВАЧ – мобилната апликација, нејзината работа и што може да понуди
    оваа апликација во разбирањето на влијанието на изборите и опциите при донесувањето
    одлуки.
  • Ја оценувавме и игравме онлајн играта Лавиринтот на Енигми!
  • Состанокот заврши со заклучок дека ПДО е сложен процес кој ќе ни помогне да разбереме
    колку може да биде сложено донесувањето одлуки, да го разбереме влијанието на нашите
    избори и да најдеме рамнотежа помеѓу она што го сакаме и она што треба да го направиме.
    По состанокот, партнерите имаа можност да прошетаат и да го разгледаат центарот на Скопје.
    Ова беше последниот состанок на проектот ОДЛУЧУВАЧ, кој траеше цели 3 години. Партнерите
    се согласни дека направивме многу позитивни резултати кои се добра основа за идна работа!
Posted on

Годишен Извештај за 2022

Граѓански Центар Активум го објавува својот Годишен Извештај за 2022 година. Извештајот содржи информации за сите спроведени активности, иницијативи и соработки реализирани во 2022та година.

Им благодариме на сите партнери, учесници, волонтери и донатори за соработката и поддршката. Се надеваме на уште многу следни успешни приказни и соработки.

Posted on

МАРГАРИТА домаќин во Атина на транснационалниот состанок на проектот Еразмус+ ОДЛУЧУВАЧ.

Професионалци, застапници и лица со интелектуална попреченост од  Северна Македонија, Полска, Литванија, Жирона и Кампус Арнау (Шпанија-Каталонија) се собраа да разговараат на оваа тема и да научат како да го користат пакетот алатки за поддржано донесување одлуки.

Имавме заедно два полни дена со презентации, евалуации, игри и дискусии!

  • Научивме за водичот на ОДЛУЧУВАЧ. Истражувачки извештај кој собира приказни за Поддржано Донесување Одлуки (ПДО) од лица со попреченост, семејства и поддржувачи.
  • Го користевме прирачникот во лесно читлива форма за правата на лицата со посебни потреби и услугите на ПДО.
  • Покажавме како функционира апликацијата ОДЛУЧУВАЧ и што може да понуди во разбирањето на влијанието на изборите и опциите при донесувањето одлуки.
  • Навигиравме на веб-страницата и мултимедијалната алатка на ОДЛУЧУВАЧ, а исто така ја игравме и онлајн играта Лавиринтот на енигми!
  • Состанокот заврши со интерактивна игра во која сите учесници му помогнаа на член на тимот на ОДЛУЧУВАЧ да донесе сопствена одлука! Ова ни помогна да разбереме колку може да биде сложено донесувањето одлуки, да го разбереме влијанието на нашите избори и да најдеме рамнотежа помеѓу она што го сакаме и она што треба да го направиме.

Средбата се одржа во Културниот центар на општина Атина и неговите прекрасни објекти. Во негова близина е и центарот на градот – на крајот имавме можност да го посетиме и модерниот и античкиот дел на Атина!

Заклучоците од состанокот беа многу охрабрувачки за досегашната работа на ОДЛУЧУВАЧ. Оценките беа многу позитивни за резултатите и тоа не израдува!

 

Posted on

ОДЛУЧУВАЧ – Методологија за поддржано донесување на одлуки

Изминатиов период беше доста активен за Граѓански Центар Активум од Куманово и европските партнери кои го спроведуваат проектот Одлучувач, во рамки на Еразмус + програмата за образование на возрасни. Целта на Одлучувач е да го покрие недостигот од информатички образовни и тренинг ресурси на тимовите кои работат на полето на попреченост, преку имплементација на методологијата за Поддржано Донесување на Одлуки (ПДО).

Поддржаното донесување одлуки (ПДО) е алатка која им овозможува на лицата со попреченост да ја задржат својата способност за одлучување преку избирање на поддржувачи кои ќе им помогнат да направат избор. Во ПДО, лицето никому не му дава овластување да одлучува во негово/јзино име; попрво ја структурира поддршката што му/и е потребна за да донесува сопствени одлуки.

ПДО претставува алатка за  поддршка на лицата со попреченост, чија цел е подобрување на нивните автономија, независност и квалитет на живот преку целосно уживање на правото на деловна способност, гарантирано во член 12 од Конвенцијата за права на лица со попреченост (UNCRPD).

По спроведената анализа на ситуацијата, изработката на мобилната апликација Одлучувач и брошурата во лесно читлива форма наменета за лица со попреченост, партнерите во 5те земји изработија и Водич кој содржи низа на упатства за употреба на методологија за поддржано донесување одлуки и воспоставување на еден универзален процес кој треба да се вклучи во структирата за испорака на услуги кај сите организации кои работат на темата.

Главната целна група на овој Водич се лицата со посебни потребни потреби кои преку  усвојувањето на методологијата за поддржано донесување на одлуки ќе бидат зајакнати да носат одлуки и да воспостават подобра контрола врз сопствените животи.

Друга целна група се родителите, кои треба да бидат едуцирани и подготвени да го поддржат концептот на поддржано донесување на одлуки.

И конечно целна група се и наставниците, обучувачите и другите поддржувачи кои преку овој Водич ќе се запознаат со процесот на поддржано донесување на одлуки и достапните алатки со што ќе им се прошири опсегот на можности и методи за работа на подобрување на самостојноста и независноста на лицата со посебни потреби.

Самиот Водич и методологијата се достапни на македонски, англиски, полски, литвански, грчки, шпански и каталонски јазик, на проектната веб страна: http://decider-project.eu/

Заедно со Граѓански Центар Активум, во проектот учествуваат и Здружение за лица со интелектуална попреченост од Р. Полска,  Здружение за грижа на лица со интелектуална попреченост “Вилтис” Р. Литванија, Фондација ПОДДРШКА и Фондација Кампус од Р. Шпанија и Центарот за стручно оспособување МАРГАРИТА од Р. Грција.

 

Posted on

Мултимедијален пакет за поддржано донесување одлуки

Како дел од активностите за промоција и воспоставување на методологијата на
Поддржано Донесување на Одлуки кај лица со попреченост, Граѓански Центар
Активум, заедно со партнерите од Полска, Шпанија, Литванија и Грција, изработи
мултимедијален пакет на содржини наменети за лица со попреченост, нивни семејства
и едукатори/поддржувачи.
Самиот метод на Поддржувано Донесување на Одлуки претставува алатка за
поддршка на лица со попреченост да самостојно донесуваат одлуки во секојдневни
ситуации – што да се купи, што да се облече, како да се помине денот, но и во
посложени ситуации како дали да се пристапи кон одредена медицинска интервенција
и слично. Лицето кое сака да добие помош при донесувањето одлуки избира
доверливи советници – пријатели, членови на семејството, професионалци или тим од
луѓе. Советниците служат како поддржувачи и му помагаат на лицето со попреченост
да донесе свои конечни одлуки во различни животни ситуации.
ПДО може да го користи секое лице, со секаков вид, форма на попреченост или
состојба, вклучително и лица со ментални здравствени проблеми, хронични болести
или состојби на стареење.
Досега Активум и партнерите изработија низа на алатки како што се анализа на
ситуацијата, мобилна апликација Одлучувач, брошура во лесно читлива форма, Водич
со упатства, а со овој мултимедијален пакет на содржини ќе се заокружи пакетот на
едукативни материјали кои ќе служат како основа за воспоставување на
методологијата во сите организации кои работат со лица со попреченост и зајакнување
на нивната самостојност и автономија.
Самиот мултимедијален пакет содржи интерактивни презентации за едукатори
(Kahoot, Mentimetar), едукативни филмови со лица со интелектуална попреченост,
игри, тестови со повеќекратен избор или други анкети. Истиот може да се најде на
повеќе јазици на проектниот веб портал: http://decider-project.eu/
Сите наведени активности се изработуваат во рамки на проектот Одлучувач,
спроведуван во рамки на Еразмус+ програмата за образование на возрасни.

Posted on