Основна цел на проектот Донесете Свој Уред е развивање на едукативен метод за подобрување на вработливоста кај лицата со интелектуална попреченост
Суштината на проектот лежи во основната потреба да луѓето со интелектуална попреченост бидат вработени во заедницата и да заработуваат. Тие имаат право да бидат поддржани, да бараат и добиваат ресурси и да бидат успешни во вработувањето во заедницата. Да се биде во можност да се создаде „привлечна“ биографија, да се има концепт на разбирање и управување со времето, да патуваат самостојно до и од работа, се само неколку од потребите што луѓето со интелектуална попреченост треба да ги покријат, во врска со вработливоста.
Луѓето без попреченост користат мобилна технологија за да станат покомпетентни во барањето, добивањето и зачувувањето работа. Луѓето со интелектуална попреченост исто така треба да имаат право да го сторат истото.
Цели на проектот:
- Обука на стручни лица за употреба на мобилни апликации преку кои ќе ги поддржуваат лицата со интелектуална попреченост во процесот на наоѓање и одржување на работа.
- Обука на лицата со интелектуална попреченост како да користат мобилни апликации и како истите можат да им помогнат да најдат и одржуваат една работа.
Очекувани резултати:
- Лица со интелектуална попреченост (ИП) кои со себе го носат својот дигитален уред, а користејќи го овој метод ќе добијат поддршка на училиште или на работното место, ќе развијат технолошки вештини, комункација, соработка и креативност со цел нивна целосна инклузија во општеството. Проектот на лицата со ИП ќе им даде можност да излезат од својата осаменост и да ја зголемат нивната одговорност, самодоверба и независност.
- Наставниците, тренерите, волонтерите, како и родителите на лицата со ИП вклучени во проектот ќе можат да ја збогатат едукативната програма со нов едукативен метод и на тој начин да се справат со предизвикот на вработување на лицата со ИП на отворен пазар на труд. Исто така, редовно ќе споделуваат искуства со колеги од други земји од слични институции или организации со што ќе се здобијат со нови уникатни вештини и знаење – докажани со практики, и истите ќе можат да ги применат во работата со лицата со ИП.
Проектот ќе се реализира во период од 29 месеци, од 15 Октомври 2019 до 14 Март 2022 година.
Проектот е партнерски, а партнерството го формираат организации од Шпанија, Грција, Северна Македонија, Турција и Полска.
Финансиска подршка е обезбедена преку Еразмус + програма, К2 акција стратешко партнерство – образование на возрасни.