Проектот има за цел да придонесе за економско зајакнување, како и зголемување на вработувањето на популацијата од руралните средини (особено кај жените и младите) и тоа преку:
– Воспоставување нови и унапредување на постоечките финансиски и нефинансиски стимулативни мерки во областа на производството и преработката на храна (земјоделски производи (суровини, готови производи), подготовка на традиционални слатки и јадења), традиционално селско занаетчиство – ракотворби (работи за облекување, уредување и опремување на домаќинствата са традиционални мотиви) кои се изработени со примена на традиционални техники, природни материјали;
– Давање директна (едукативно-менторска и студиска) поддршка во примена на стимулативните мерки и тоа по мерка на одбраните крајни корисници (жени и млади, занаетчии/производители) од руралните средини на 5-те општини, што ќе придонесе за нивната подготвеност и/или јакнењето на нивната позиција на пазарот, за на пр.започнување сопствен мал бизнис, јакнење на конкурентноста на пазарот (на трудот), стекнување знаења и искуства од добрите деловни практики во вработувањето, како и поврзување со актерите и партнерите од интерес во прекуграничните подрачја, и сл.
Дизајнирањето на стимулативните мерки и поддршката во примената на истите ќе се базира на мапирање на ресурсите и потенцијалите на 5 општини во прекуграничното подрачје, преку низа консултации со институционалните актери во секоја општина – локална самоуправа, агенции, здруженија на граѓани, но и со жителите на руралните подрачја кои се потенцијални корисници на мерките во врска со ресурсите и потребите и од (само)вработување и генерирање приход.
Проектот го спроведуваат Националната алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) од Белград, Здружението на жени „Ружа“ од Лебане, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување „МИР“ од Скопје и Здружението за активизам, образование, уметност и култура Цивилен центар „АктивУм“ од Куманово, со поддршка на Европската унија – ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу Србија и Северна Македонија.
Проектот се споведува во периодот од Април 2021 до Септември 2022, во општините Лебан, Власотинце и Сурдулица во Србија, и Куманово и Старо Нагоричане во Северна Македонија.