Визија: Општество на
информирани, одговорни и активни граѓани, кои ги уживаат и промовираат
принципите на еднакви можности, недискриминација и дијалог кој охрабрува
активизам, и води кон личен и колективен развој на заедницата.
Мисија: Унапредување и
зајакнување на граѓанското општество и локалните заедници преку подобрување на
неформалната директна и индиректна едукација на населението, поттикнување на
граѓанското учество и активизам, промоција на недискриминација и зајакнување на
ранливите членови на заедниците, зајакнување на меѓуетничките односи, како и
економски и културно уметнички развој.
Здружението на граѓани
АктивУм ја остварува својата мисија преку информирање, едукација, дискусија,
соработка и развивање на културни, уметнички и социјални програми, со акцент на
вклучување на младите.
Цели, задачи и активности на здружението:
1. Унапредување
и афирмација на сите аспекти на
културниот живот на локалното население
со цел подобрување на квалитетот на живеење и мотивација за учество во
донесувањето на општествено одговорни одлуки;
- Промовирање на
интернационална и интеркултурна размена во сферата на културата и уметноста; - Организирање јавни
културно-уметнички настани кои промовираат општествена одговорност, солидарност
или грижа за локалната заедница; - Соработка со локални и
национални артисти и културно-уметнички здруженија во насока на анимирање на
младите и јавноста на теми од општествена важност;
2. Поддршка
и јакнење на младинскиот активизам и волонтерство во локалната заедница:
– Креирање
на можности за младите да се стекнат со искуства од областа на културата, да
учествуваат во едукативни програми и да ги развиваат своите креативни
способности, критичко мислење и комуникациски вештини;
– Развивање
на активности за култивирање на позитивни вредности и ставови кај младите;
– Запознавање
и негување на мултиуетничноста како принцип за здраво граѓанско општество;
– Намалување
на постоечкиот дискриминаторен јаз помеѓу децата од урбани и рурални заедници
преку поттикнување на взаемни активности и соработка;
– Запознавање
со правата и обврските кои ги уживаат како граѓани на демократско општество и
важноста на нивната улога како креатори на јавното мислење и креатори на
политики кои се во интерес на целата
локална заедница;
3. Промоција
и заштита на човековите права на сите маргинализирани категориии на граѓани и
зајакнување на ранливите членови на заедницата, со посебен фокус на лицата со
физичка и ментална попреченост:
– Развивање
програми/активности за социјална инклузија и интеграција на лица со
попреченост;
– Перманентно
и контиунирано усовршување на сите стручни лица кои се занимаваат со проблемите
на децата со развојни нарушувања, а се со цел запознавање со најнови научните
достигнувања и нивна имплементација во практиката;
– Советување
и организирање средби на родители заради размена на позитивно искуство;
– Подигање
не индивидуалната и колективната свест на граѓаните за разбирањето на
можностите и потребите на лицата со попреченост преку различни работилници и
средства за масовна комуникација;
– Давање
соодветна помош при вработување на лица со посебни потреби во корелација со
владините програми за вработување инвалиди и Заедницата за заштитни друштва –
ЗАПОВИМ;
– Спроведување
на активности за рушење на стереотипите и промоција на принципите на
недискриминација кон различните групи и
членови на заедницата (по основ на род, пол, сексуалност, општествен статус,
здравствен статус, возраст, физичка или ментална попреченст, јазик, етничка
припадност, религија итн);
4. Вмрежување
и соработка во рамки на самата, но и со други локални заедници со цел размена
на искуства и добри практики во решавањето на локалните и универзалните потреби
на сите категории на граѓани во самата локална заедница;
– Остварување
на соработка со Локалната самоуправа во Куманово;
– Потпишување
на меморандуми за соработка со други невладини организации кои работат на
остварување на слични идеи и цели,
основни и средни училишта, јавни институции во градот и пошироко;
– Застапување
кај надлежните институции за поефикасно остварување на целите;
– Развување
соработка со локални и други медиуми со цел зголемување на видливоста и
интересот за темите за кои се залага Здружението;
5. Зајакнување
на капацитетите на Здружението АктивУМ, со цел поефикасно спроведување на
мисијата и целите:
– Развивање
на акциски и финансиски план за 2019
година;
– Обезбедување
простор за непречено одвивање на активностите;
– Зголемување
на бројот на членови и активисти преку анимирање и активирање на младите луѓе;
– Развивање
на канали за комуникација со членовите, партнерите и јавноста како што се веб
страна и профил на здружението на социјалните медиуми;
– Прибирање
на средства за проекти и активности кои водат кон остварување на мисијата и целите на Здружението на локално,
национално и интернационално ниво;