ПРОЕКТ: Учествувам, учам, одлучувам – зајакнување на млади лица под социјален ризик”
Активностие во проектот Учествувам, Учам, Одлучувам се осмислени како поддршка на постоечките активности во малите групни домови за деца под социјален ризик. Целта е да преку креативно исполнување на слободното време на децата, неформална едукација и дружење ќе се работи на зајакнување на личните и социјални вештини, подигање на самодовербата и позитивната слика за сами себе, и ќе се постави основа за професионално ориентирање, поставување позитивни цели и зголемување на можностите за вработливост.
Активностите вклучуваат групни работилници за готвење и здрава исхрана, помош во совладување на јазик и комуникација, зајакнување на меки вештини за кариерен избор и вработување.
Проектот ќе се реализира во период од 6 месеци, од Мај до Октомври 2021 година.
Активностие се реализираат во соработка со Јавната Установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми Скопје, и Јавната установа 11ти Октомври Скопје.
Финансиска подршка е обезбедена преку Програмата за детска, социјална и здравствена заштита при Град Скопје.