ПРОЕКТ: ОДЛУЧУВАЧ

Проектот Одлучувач се фокусира на подготовка на методологија за поддржано донесување одлуки на лицата со посебни потреби за учење. Методологијата опфаќа анализа на основните елементи и добрите практики на поддржаното донесување на одлуки и нивно капитализирање на систематски начин – универзален процес кој треба да биде вкоренет во структурите за испорака на услуги.

Целите на проектот ќе се остварат преку следните активности:

  • Изработка на анализа на моменталната состојба во врска со донесувањето одлуки  преку интервјуа со возрасни лица со интелектуална попреченост, родители, терапевти и обучувачи. Подготовка на дигитален водич кој ќе содржи интервјуа кои реално ќе ги прикажат бариерите и проблемите при поддржано донесување на одлуки. 
  • Подготовка на ОДЛУЧУВАЧ апликација за лица со интелектуална попреченост и професионалци. Апликацијата е онлајн алатка и ќе може да се користи  во секојдневниот живот при донесување одлуки. Кога одлучувачот сака да донесе одлука – ќе избере најдобро решение меѓу некои решенија за кои тој/таа собира знаење и кој најмногу одговара на неговите/нејзините критериуми.
  • Брошура во лесно читлива форма за поддржано донесување одлуки, која ќе содржи информации за процесот на одлучување, стекнување знаење, преземање одговорност, барање поддршка. Исто така, во брошурата ќе биде претставена и апликацијата Одлучувач.
  • Мултимедијален пакет за поддржано донесување одлуки. Подготовка на мултимедијален пакет кој ќе содржи интерактивни презентации за тренерите, едукативни филмови со лица со интелектуална попреченост, игри како и тестови со повеќе избори или други анкети.

Очекувани резултати:

  • Лицата со посебни потреби за учење (интелектуална попреченост, социјална попреченост, проблеми со менталното здравје, итн.), по завршување на проектот преку концептот на поддржувано носење одлуки ќе имаат подобра контрола над сопствениот живот што е директно поврзано со квалитетот на животот во заедницата во која живеат и делуваат. Поддржаното донесување одлуки ќе им даде на лицата со посебни потреби за учење самодоверба и ќе им помогне да стекнат самоопределување и автономија.
  • Родителите на лицата со посебни потреби за учење, наставници, тренери, едукатори, волонтери и други поддржувачи се водени и поддржани во спроведувањето на концептот за поддржано донесување на одлуки. 

Проектот ќе се реализира во период од 29 месеци, од 15 Ноември 2020 до 14 Мај 2023 година.

Проектот е партнерски, а партнерството го формираат организации од Шпанија, Грција, Северна Македонија, Литванија и Полска.

Финансиската подршка е обезбедена од Еразмус + програма, К2 акција стратешко партнерство – образование на возрасни.