Избрани се наградените фотографии од Фото Конкурсот за Старо и Ново Куманово

Заврши конкурсот и селекцијата на фотографии за Старо и Ново Куманово. Целта на конкурсот беше да се добијат фотографии кои ја афирмираат локалната култура, традиција, но и урбано живеење и секојдневие на Кумановци, како дел од прославата на 500 години Куманово.

На конкурост се пријавија 181 фотографија, па жирито составено од искусните фотографи Владимир Јовановски, Влатко Деков и Дарко Даутовиќ имаа тешка задача да почнат со избор на 100 фотографии кои би биле изложени како дел од Уличниот Фестивал КуманиУм, па да го стеснат изборот на 20 фотографии кои би ги виделе на посебна изложба и фото албум со разгледници во ноември 2019та, и за на крај ги наградат најдобрите три фотографии. Со голема чест и задоволство објавуваме дека:

  • 1ва награда и добитник на 10.000 денари е фотографијата “Поздрав од Куманово”, на авторката Викторија Златковиќ,
  • 2ра награда и добитник на 7.000 денари е фотографијата “1 на 1”, на авторот Димитар Чунговски, и
  • 3та награда и добитник на 3.000 денари е фотографијата “Mystic View”, на авторот Матеј Димитриевски, кој воедно и најмладиот учесник на конкурсот со само 12 години.
1ва награда
2ра награда
3та награда

АктивУм и жирито искрено им честита на наградените автори и им посакува да продолжат да творат и оставаат записи за сите нас и генерациите кои доаѓаат. Свеченото доделување на наградите ќе се случи на изложбата на 20те најдобро рангирани фотографии, вклучувајќи ги и наградените, во месец ноември во Домот на Културата “Трајко Прокопиев” во Куманово. За точниот датум и детали ќе бидете дополнително информирани.

Во меѓувреме, повелете на 26ти Октомври, во сабота, од 12часот, на плоштадот пред НЦУК “Трајко Прокопиев”, на Уличниот Фестивал КуманиУм, каде ќе имате можност да погледнете 100 од пристигнатие фотографии на конкурсот. Повеќе информации за тоа што друго ќе се случува на КуамниУм може да најдете на фб настанот: https://www.facebook.com/events/792009621243153/?active_tab=about

Голема благодарност до сите пријавени на конкурост, се надеваме на соработка и следната година!

**************

Фото конкурсот, наградите и уличниот фестивал “КуманиУм” се организираат во склоп на проектот #Култура за Куманово #Куманово за култура, имплементиран од Граѓански Центар Активум Куманово, а поддржан од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)”, финансирана од Европската унија, спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е ко-финансиран од Општина Куманово.

Posted on