БРОШУРА ВО ЛЕСНО ЧИТЛИВА ФОРМА ЗА ПОДДРЖАНО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ  

Продолжува европската програма Еразмус + „ОДЛУЧУВАЧ – Подобрување на животните искуства за возрасни лица со посебни потреби за учење, обучувачи и родители преку поддржано донесување одлуки“. Во овој период, со нашите партнери работевме на изработка на брошура во лесно читлива форма. Брошурата е намнета за лицата со интелектуална попреченост кои се заинтересирани да се стекнат со нови вештини, преку кои ќе бидат охрабрени да бидат самоопределени во донесувањето одлуки.

Целта е да се обезбедат знаења на лицата со посебни потреби за поддржаното донесување одлуки и неговото влијание врз квалитетот на нивниот живот.

Брошурата во лесно читлива форма содржи поглавја како, што се тоа човекови права, кој ги предлага законите за правата, каде можете да ги најдете вашите права. Посебен осврт е даден на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост како инструмент за човекови права со експлицитна димензија на социјален развој.

Поддржано донесување одлуки (ПДО) како дел од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост е вклучено во брошурата и дава информации за процесот на одлучување, стекнување знаење, преземање одговорност, барање поддршка.

Исто така, во брошурата е претставена и апликацијата ОДЛУЧУВАЧ.

Брошурата за поддржано донесување одлуки на лица со посебни потреби за учење е подготвена и достапна на 6 јазици: англиски и 5 јазици на 5-те партнери на конзорциумот ОДЛУЧУВАЧ, т.е  организации од Шпанија, Грција, Северна Македонија, Литванија и Полска. Проектот е тековен, се реализира во период од 29 месеци, од 15 Ноември 2020 до 14 Мај 2023 година. Финансиската подршка е обезбедена од Еразмус + програма, К2 акција стратешко партнерство – образование на возрасни.

 

Изјава Марија Тошева

“Со оваа брошура, од една страна, наставниците ќе имаат насока како да ги планираат обуките и работилниците со лицата со интелектуална попреченост со што ќе ја подобрат сопствената  едукативна понуда, а од друга страна лицата со интелектуална попреченост ќе добијат на пристапен начин за нив нови информации и ќе се охрабрат да се се посамостојни при донесувањето одлуки.

Член 12 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост се однесува на еднакво признавање пред законот, при што за нас посебно интересен е делот за деловната способност и препораките за спроведување на Конвенцијата во тој дел. Меѓутоа, додека за прашањето на деловната способност се дебатира повеќе од декада, напредокот е постепен и промените се случуваат многу бавно. Затоа, сметаме дека е неопходно е да се работи на транснационално ниво, да се учествува во оваа глобална дискусија и да се сподели со други секој резултат што може да влијае на знаењето и практиката во областа.”

 

 

Posted on