Од 13ти до 15ти Септември ја организиравме најавената студиска посета на Република Србија и српските партнери кои работат на зголемување на вработливоста во секторите земјоделство, занатчиство и рурален/агро туризам.
25 претставници на општинските раководства, претставници на Комората на занаетчии, Здружение Пчела како и индивидуални пчелари и занаетчии од општините Куманово и Старо Нагоричане, беа во посета на општините Сурдулица, Лебане и Власотинце во Србија. Целта на посетата беше да се посетат различни модели на добра пракса и здружување во локалното производството и преработка на храна и одржување на локалното традиционално занаетчиство. Групата имаше можност да ги посети и да се запознае со начинот на работа на здружението на пчелари Матица од Сурдулица, Апи Центарот во Власина, социјалното претпријатие Ружа од Лебане, органските полиња во Лебане, производно откупен центар во Власотинце, и да се сретне со локалните занаетчии од Власотинце.
Воедно, делагации на вклучените општински раководства остварија заеднички средби на кои разговараа за поддршката на локалните иницијативи за економски развој и можностите за прекугранична соработка.
Студиските посети се организираат во рамки на проектот „Подобри можности прилагодени на потребите на неразвиените области“ кој е финансиран од Европска Унија и ИПА 2 програмата за прекугранична соработка Р.Србија-Р.С. Македонија 2016-2020. Проектот го имплементираат Национална алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) од Белград, Здружение на жени Ружа од Лебане, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) од Скопје и Граѓански Центар Активум од Куманово.