#Култура
за Куманово #Куманово за Култура е проект кој го
спроведува Здружението за активизам,
едукација, култура и уметност ГРАЃАНСКИ ЦЕНТАР АктивУм Куманово.
Основната цел и фокус на проектот е афирмација на традицијата, културното и духовното наследство
на општина Куманово, преку мобилизација и учество на самата заедница, а со
посебен акцент на зајакнување и вклучување на младите. Во таа насока проектот предвидува
организирање на Уличен фестивал кој ќе ги мобилизира сите
граѓани и граѓанки од општина Куманово, фотографиите и видео записот од
фестивалот ќе останат како промотивни материјали, а како придонес во
афирмацијата на солидарноста и општествената одговорност на бизнис заедницата
како нова културна придобивка, проектот предвидува и организирање на донаторски
настан. Самиот проект подразбира активна
вклученост на сите сегменти од локалната заедница на општина Куманово и
здружување на сите локални ресурси од човечки и институционален карактер, што
би претставувало промоција на назјначајното од локалната култура и традиција –
а тоа е соживотот и славење на различноста.
Значајно е да се напомене дека токму годинава градот Куманово слави 500
години постоење, и воедно е Град на Културата за 2019та година, а предложените проектни
активности даваат свој придонес во славењето и одбележувањето на истото.
Цели на
проектот
- Афирмирање
на уличниот фестивал како алатка за претставување и славење на духовното и
културното наследство во градот преку мобилизација на локалното население, а посебно
младите;
- Афирмирање
на донаторството и филантропијата помеѓу бизнис заедницата во Куманово како
алатка за општествена одговорност, но и културна вредност за соживот и
солидарност;
Очекувани
резултати на проектот
- Стекнати
вештини за улична фотографија кај 20 млади луѓе од различен пол и етничка
припадност;
- Изработени
и промовирани материјали кои го документиратт и слават културното и социјалното
наследство на Куманово;
- Мобилизирана
локалната заедница во разбирањето, славењето и промоцијата на локалната
традиција, материјално и нематеријално наследство, како и историјата на
мултикултурно и мултиетничко живеење; - Мобилизирана
локалната бизнис заедница вопромовирање на филантропија и донаторствокако локална вредност која треба да се усвојува и негува.
Времетраење на проектот е 6 месеци,
од септември
2019 до март 2020 година.
Проектот е дел од
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)
кој е
финансиран од ЕУ, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Линкот кој води до повеќе информации за проектот ReLOaD:
Лице за контакт: Марија
Тошева