Здружението Граѓански центар АктивУм со особена чест и задовoлство Ве поканува на завршниот настан на проектот “Донеси свој уред – како едукативен метод за подобрување на вработливоста на возрасните со интелектуална попреченост”. Проектот е поддржан од Еразмус+ програмата К204-Стратешки партнерства во образованието на возрасни лица. Настанот ќе се одржи на 24 март 2022 година (четврток) во Куманово Спа од 13:00 до 15:00 часот. На настанот ќе бидат презентирани мобилни апликации кои на лицата со интелектуална попреченост ќе им помогнат да најдат, а и да задржат работно место. Користејќи дигитална технологија лицата со интелектуална попреченост можат и треба да бидат вработени во заедницата, заедно со лицата без посебни потреби и да заработат конкурентни плати.
You may also like
Помеѓу 10ти и 25ти Септември, на планината Огражден во месноста Преведена, Граѓански Центар Активум поддржа резиденција на младата визуелна уметница Ана Лазаревска. […]
#Култура за Куманово #Куманово за Култура е проект кој го спроведува Здружението за активизам, едукација, култура и уметност ГРАЃАНСКИ ЦЕНТАР АктивУм Куманово. […]
Проектот “Донесете свој уред” Ве поканува на четвртиот вебинар ,,Наоѓање и одржување работа” кој ќе се одржи на 03 февруари од 14:30 […]
Младинската невработеност е еден од горливите проблеми со кои се соочува државата. Еден од начините да се надмине овој проблем претставува стимулирањето […]