Уличен Фестивал “КуманиУм”

Во сабота, на 26.10.2019, со почеток од 12часот, на плоштадот пред “НУЦК Трајко Прокопиев” во Куманово ќе се случи нашиот уличен фестивал “КуманиУм”.

Фестивалот го прават и создаваат сите наши сограѓанки и сограѓани кои како изложувачи, фотографи, глумци, писатели, готвачи, музичари, уметници, креативци, изведувачи ќе ја афирмираат и промовираат локалната култура и традиција огледана преку музиката, занаетите, фотографијата, графитите, храната, уметноста и играта.  Ова е наш заеднички придонес кон одбележувањето и прославата на 500 години од нашето Куманово, со сите негови стари и нови марифети.

Покенети сте сите! Понесете ја вашата насмевка, добра енергија, пријателите или семејството и дојдете на целодневно дружење!

Повеќе информации може да најдете на нашиот фб настан: https://www.facebook.com/events/792009621243153/?active_tab=about

*********

Уличниот Фестивал “КуманиУм” се организира во склоп на проектот #Култура за Куманово #Куманово за култура, имплементиран од Граѓански Центар Активум Куманово, а поддржан од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)”, финансирана од Европската унија, спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е ко-финансиран од Општина Куманово.

Posted on