Во ноември 2020, Граѓански Центар Активум започна со реализација на интернационалeн проект насловен како “Одлучувач.” Проектот се спроведува во Македонија, Полска, Грција, Литванија и Шпанија, а се фокусира на подготовка на методологија за поддржано донесување одлуки на лицата со посебни потреби за учење.
Целта е да лицата со посебни потреби за учење (интелектуална попреченост, социјална попреченост, проблеми со менталното здравје, итн.), се воведат во концептот на поддржувано носење одлуки со што ќе добијат подобра контрола над сопствениот живот и подобрен квалитетот на живеење во заедницата во која делуваат. Поддржаното донесување одлуки ќе им даде самодоверба и ќе им помогне да стекнат самоопределување и автономија. Воедно, еднакво важно е и родителите на лицата со посебни потреби за учење, наставниците, едукаторите и другите поддржувачи да се запознаат со овој концепт и да им се дадат сите знаења и вештини да истото го спроведуваат.
Клучни активности за постигнување на целта се:
- Изработка на анализа на моменталната состојба во врска со донесувањето одлуки, бариерите и проблемите при поддржано донесување на одлуки.
- Подготовка на ОДЛУЧУВАЧ онлајн апликација за лица со интелектуална попреченост и професионалци која ќе може да се користи во секојдневниот живот при донесување одлуки. Кога одлучувачот сака да донесе одлука – ќе избере најдобро решение меѓу некои решенија за кои тој/таа собира знаење и кој најмногу одговара на неговите/нејзините критериуми.
- Брошура во лесно читлива форма за поддржано донесување одлуки, која ќе содржи информации за процесот на одлучување, стекнување знаење, преземање одговорност, барање поддршка. Исто така, во брошурата ќе биде претставена и апликацијата Одлучувач.
- Мултимедијален пакет за поддржано донесување одлуки кој ќе содржи интерактивни презентации за тренерите, едукативни филмови со лица со интелектуална попреченост, игри како и тестови со повеќе избори или други анкети.
Проектот ќе се реализира во период од 29 месеци, до Мај 2023 година, а за истиот финансиската подршка е обезбедена од Еразмус + програма, К2 акција стратешко партнерство – образование на возрасни.