Здружението Граѓански Центар АктивУм распишува оглас за резиденцијален престој за еден/на млад/а ликовен/на уметник/ца. За време на престојот уметникот/цата може да твори на тема по свој избор.
Резиденцијалниот престој ќе се реализира во Вила Преведена во периодот од 10 до 25 септември. Вилата Преведена се наоѓа на 1200 метри надморска височина на планината Огражден помеѓу Берово и Струмица. Ова место е изолирано во планината и нуди извонредни можности за творење во природа. Најблиското населено место е беровското село Двориште кое се наоѓа на 8 километри од местото Преведена. Во текот на резиденцијата учесниците ќе имаат поддршка за нивната работа од координаторот на проектот и локалните мештани. Во текот на последните 2 дена од резиденцијалниот престој ќе се организира видео разговор со уметникот за неговото творештво и резиденцијалниот престој. Во договор со уметникот во месец октомври или ноември ќе биде организизирана виртуелна (он лајн изложба) на која ќе бидат промовирани делата креирани за време на резиденцијалниот престој.
Трошоците за сместување се покриени од организаторот. Дополнително уметникот ќе добие хонорар од 9.000 денари за храна.
Вилата располага со две посебни соби, кујна и тоалет, кабелска телевизија и интернет.
Услови за учество во проектот:
- Ликовни уметници на возраст до 35 години;
- Кандидатите да имаат реализирано најмалку една самостојна изложба;
- Достава на биографија, мотивационо писмо и најмалку три (3) уметнички дела како портфолио;
Краен рок за пријавување е 30 август 2021 година до 24 часот.
Приоритет ќе имаат уметниците кои досега не користеле финансиски средства од Министерството за култура.
Сите млади уметници можат да се пријават преку поднесување на потребните документи на електронската пошта vlatkodеkov@gmail.com.
Сите прашања и појаснувања може да ги доставите на истата електронската пошта.
Резиденцијалниот престој е дел од проектот Резиденцијален престој за млади уметници кој е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.