На 07.02.2020
(петок), со почеток од 20ч, во салата на Занаетчискиот Дом во Куманово, Граѓански
Центар АктивУм го организира локалниот Донаторски Настан “Куманизам = Хуманизам”,
насочен кон мобилизирање на локалната бизнис заедница.
Бизнис заедницата
во Куманово е активен и одговорен чинител на животот во Куманово: твори во
нашата заедница, се потпира на луѓето од заедницата, но и придонесува за
локален развој и враќа со поддршка секогаш кога има можност и потреба. Овој
настан претставува наш заеднички придонес кон афирмацијата на донаторството и
филантропијата помеѓу бизнис заедницата како алатка за општествена одговорност,
но и културна вредност за соживот и солидарност.
Целта на самиот
настан е да преку котизација за учество во настанот, директи донации во
производи и/или учество во аукција на слики и фотографии се соберат средства
кои би биле доставени на наши сограѓани кои имаат потреба од итна помош и
поддршка (болест во семејство, старост и сиромаштија и други социјали ризици).
“Куманизам=Хуманизам”
се организира во рамки на проектот #Култура за Куманово #Куманово за култура,
имплементиран од Граѓански Центар Активум Куманово, а поддржан од „Регионалната
програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)”, финансирана од
Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации
(УНДП). Проектот е ко-финансиран од Општина Куманово.
