Доколку сакаш да се информираш, дополнително да го усовршиш своето знаење или да научиш нешто ново, и сакаш додатно да се пријавиш за стручно советување ”еден-на-еден”, пријави се! Во зависност од тоа дали си производител/ка кој/а се занимава со земојоделство или неземјоделски активности, погледни дали исполнуваш барем еден од наведените услови и пријави се за две тридневни стручни обуки во твојата општина.
Повик за производители кои се занимаваат со земјоделство во општините Куманово и Старо Нагоричане
Основни услови за учество во стручни обуки во областа на земјоделско производство и преработка се:
- Имаш регистрирано земјоделско стопанство (ЗС) на територијата на една од двете општини: Куманово и Старо Нагоричане;
- Имаш регистрирано ЗС кое се занимава со една или повеќе од следните дејности: производство на полјоделски и/или градинарски култури и/или пчеларство и производство на мед и/или производство на производи со додадена вредност (од овошје, зеленчук, шумски плодови и лековити билки) или производство на млеко и млечни производи;
- Сакаш да го унапредиш методот на работа и технологијата на своето производство и/или преработувачките капацитети;
- Сакаш да бидеш поконкурентен/на на пазарот преку унапредување на твоите вештини за продажба, пазарно позиционирање, промоција, брендирање, сертифицирано (органско) производство;
Повик за производители кои се занимаваат со неземјоделски активности во општините Куманово и Старо Нагоричане
Основни услови за стручни обуки во областа на неземјоделски активности се:
- Се занимаваш со неземјоделски активности (стари занаети, изработка на разни предмети со традиционални техники и/или традиционални мотиви) ;
- Сакаш ”својата” (не)формална група на жени и/или млади кои се активни во неземјоделски активности да ја здружиш во здружение или сакаш да регистрираш мал бизнис во неземјоделски активности;
- Сакаш да го унапредиш методот на работа и да бидеш поконкурентен/на на пазарот;
- Сакаш да ги унапредиш твоите вештини на полето на маркетингот и продажбата;
За обуките можеш да се пријавиш лично или преку телефон и емаил, кај организаторите на обуките, и тоа:
За општина Куманово:
Граѓански Центар Активум: info@aktivum.org.mk или на 077 986 479
За општина Старо Нагоричане:
Фондација МИР: mir@mir.org.mk или на 02 3108 891
Стручните обуки ќе се одржат во периодот од 15.август до 7.септември, 2022.година во секоја од двете општини. Стручното советување ќе се реализира од средина на август до средина на септември. За повеќе информации околу точните датуми, можеш да се јавиш на погоре наведените контакт информации.
Забелешки:
- Поради ограничениот простор и број на места за обуката, при изборот на 20те учесници за секоја општина ќе се земат предвид првите добиени пријави за учество;
- На крајот од секоја обука, учесниците ќе имаат можност да се пријават за стручно советување ”1 на 1” со стручни лица;
- Ќе бидат разгледани сите пријави за стручно советување, а некои од условите за избор на минимум 5 учесници за секоја општина за стручно советување”1 на 1” се:
- да си сопственик или член на регистрирано земјоделско стопанство / член на група на производители во областа на земјоделските и неземјоделски активности, и/или
- да постои желба и потреба да се унапреди производно-преработувачкиот капацитет, и/или да постои желба за пазарно позиционирање или воведување на некој стандард, и/или да се унапреди продажбата, и/или да се сака да се регистрира бизнис, секторско здружение или задруга.
Стручните обуки и стручните советувања во двете општини во Северна Македонија, вклучително и во три опттини во Србија (Лебане, Власотинце и Сурдулица), се организираат со поддршка на Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија и прокетот за прекугранична соработка “Подобри можности за потребите на неразвиените области”.