На 5ти, 6ти и 7ми Септември, 2022, Граѓанки Центар Активум беше домаќин на студиска посета
на делегација од Република Србија. 25 претставници на општинските раководства, здруженија
на земјоделци, пчелари, занаетчии од општините Власотинце, Сурдулица и Лебане се сретнаа
со претставници на Занаетчиската комора на Куманово, Здружението Пчела од Куманово, Апи
комората во с. Драгоманце, Игнеа еко/органска Козметика, како и општинските одделенија за
локален економски развој на општина Куманово и општина Старо Нагоричане. Целта на
студиската посета беше размена на искуства и разгледување на можностите за прекугранична
соработка во секторите земјоделство, пчеларство и занаетчиство.
Следната недела, делегација од нашите две општини ќе ја возврати посетата во Република
Србија за да ги посети тамошните задруги и здруженија и да ја ги продолжи започнатите идеи
за прекугранична соработка, пласман и поддршка.
Студиските посети се организираат во рамки на проектот „Подобри можности прилагодени на
неразвиените области“ кој е финансиран од Европска Унија и ИПА 2 програмата за
прекугранична соработка Р.Србија-Р.С. Македонија 2016-2020. Проектот се иплеметира во 5
општини: Куманово и Старо Нагоричане во Р.С. Македонија и Власотинце, Сурдулица и Лебане
ов Р. Србија. Истиот го имплементираат Национална алијанса за локален економски развој
(НАЛЕД) од Белград, Здружение на жени Ружа од Лебане, Фондацијата за менаџмент и
индустриско истражување (МИР) од Скопје и Граѓански Центар Активум од Куманово.