(Продолжен до 13.10.2019) Конкурс за фотографии од Старо и Ново Куманово

Граѓански Центар АктивУм од Куманово, објавува конкурс за прибирање на фотографии кои го документираат и слават Старо и Ново Куманово/ско. Избраните фотографиите ќе бидат изложени во рамки на уличниот фото фестивал во Куманово, и на фото изложба во рамки на НЦУК Трајко Прокопиев. Фотографиите ќе бидат селектирани од тричлената комисија составена од професионални и истакнати фотографи и уметници.

Најдобрите 3 фотографии ќе бидат наградени со парични награди:

1во место – 10.000 денари,

2ро место – 7.000 денари,

3то место – 3.000 денари.

Критериуми за учество:

  • Право на учество имаат сите жители на Северна Македонија;
  • Секој учесник може да учестува на конкурсот со најмногу 4 (четири) фотографии;
  • Фотографиите кои што се пријавуваат треба да го документираат, слават и афирмираат духовното и културно наследство на Кумановско (архитектура, обичаи, мода, традиционален и/или современ живот, улични настани итн).

Технички критериуми:

  • 6000×4000 максимална резолуција
  • 300dpi
  • 6MB максимална големина на слика
  • На самите фотографии не смее да има наслови, жигови и слично.
  • Со секоја испратена фотографија потребно е да се испрати и наслов или слоган на фотографијата.
  • Фотографиите и нивните наслови односно слогани, не смеат да содржат било какво насилство, да навредуваат или пак да  дискриминираат по било кој основ.
  • Фотографиите можете да ги испратите на електронската апликација подолу или на нашата електронска пошта: info at aktivum.org.mk. Доколку испраќате на е-маил, во пораката наведете информации за авторот: име, презиме и контакт телефон/е-маил со наслов на порака „Конкурс за фотографии од Старо и Ново Куманово“

Со испраќањето на фотографиите, авторите се согласуваат да бидат објавувани во печатена или електронска форма за потребите на организаторот на конкурсот.

Конкурсот трае до 13.10.2019 година.

Конкурсот е дел од  проектот #Култура за Куманово#Куманово за култура, имплементиран од Граѓански Центар Активум Куманово, поддржан од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)”, финансирана од Европската унија, спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а ко-финансирана од Општина Куманово.

📞 За прашања и насоки слободно обратете се кај Емил на 078 367 033.