2020-1-PL01-KA204-081965
КОВИД-19 е сè уште присутен и ги отежнува патувањата и средбите, но тимот на проектот ОДЛУЧУВАЧ од Полска, Шпанија, Грција, Северна Македонија и Литванија, го одржа првиот онлајн состанок на 11-12 јануари 2021 година.
Сигурно се прашувате што е ОДЛУЧУВАЧ. ОДЛУЧУВАЧ е ЕРАЗМУС + проект кој има за цел да го пополни недостатокот на ИТ едукативни и обучувачки ресурси на стручните лица што работат на полето на попреченост чија цел е спроведување на поддржано донесување одлуки како услуга за поддршка на лицата со попреченост, се со цел подобрување на нивната самостојност и квалитетот на животот.
Проектот ОДЛУЧУВАЧ е инспириран од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (УНЦРПД), конкретно од членот 12 кој се однесува на еднакво признавање пред законот на еднаква основа со другите. Преку проектот ОДЛУЧУВАЧ планираме да ја поддржиме Kонвенцијата да ја постигне својата цел кон остварување на човековите права на лицата со попреченост. Поддржаното донесување на одлуки е докажано како ефикасен механизам за спроведување на правниот капацитет, меѓутоа, ниту една земја не постигнала задоволително ниво на структурна имплементација. Недостатокот на знаење, механизми и професионални ресурси за да се имплементира овој механизам се главните бариери со кои секоја од земјите се соочува. Проектот ОДЛУЧУВАЧ треба да понуди решенија со кои овие бариери во иднина би се надминале.
Резултатите од ОДЛУЧУВАЧ ќе се засноваат на ко-продуктивна методологија што значи дека лицата со попреченост ќе бидат вклучени во повеќе проектни активности, се со цел да се обезбеди поголема ефикасност и брзи резултати.
Доколку сте лице со попреченост, стручен работник, персонален асистент, член на семејството или креатор на политики заинтересиран за поддржано донесување на одлуки, проектот ОДЛУЧУВАЧ ќе Ви понуди новитети и алатки во годините што следат!
Професионалците ќе го надградат своето знаење и ќе имаат можност да ги имплементираат услугите засновани на поддржано донесување на одлуки директно на лицата со попреченост. На овој начин Организациите во иднина ќе можат да нудат услуги за поддржано донесување на одлуки. Лицата со попреченост ќе ја зголемат својата самостојност, самодоверба и ќе можат да носат одлуки со кои би го подобриле квалитетот на нивниот живот.
ОДЛУЧУВАЧ ќе ги развие следните материјали:
Водич за моменталната состојба во врска со донесувањето одлуки на лицата со попреченост.
- Одлучувач апликација (онлајн алатка) за професионалци и лица со попреченост за поддршка на нивното донесување на одлуки.
- Брошура во лесно читлива форма за поддржано донесување на одлуки за лица со попреченост.
- Мултимедијален пакет за поддржано донесување на одлуки за лица со попреченост, нивните семејства и поддржувачи.
- Упатства за професионалци за употреба на ИКТ базирана методологија за поддржано донесување на одлуки.
- Педагошко пилотирање и користење на сите материјали од проектот од страна на обучени лица.
На крај, но не и најмалку важно, сите овие резултати ќе се постигнат преку соработка на шест експертски организации од различни области на знаење поврзани со областа на попреченост како што се ИТ, обезбедување на услуги за поддршка лица со попреченост, организации за самопомош едукатори, обучувачи, лица со попреченост и професионалци за поддршка. Разновидната типологија на профили во партнерството овозможува сеопфатен пристап кон главната цел за обезбедување на збир на иновативни, ИКТ базирани и целосно достапни едукативни алатки кои овозможуваат имплементација на методологии за донесување на одлуки поддржани од системи за поддршка на лица со попреченост.
Партнерски Организации: Полска, Литванија, Шпанија, Северна Македонија и Грција.
За време на средбата меѓусебно подобро се зпознавме и разговаравме за некои основни области во врска со проектот. Средбата беше многу продуктивна бидејќи разменивме неколку гледишта врз основа на нашето различно културно и професионално потекло.
И покрај проблемите што произлегуваат од пандемијата со корона вирусот, силно веруваме дека проектот успешно ќе се реализира и ќе придонесе за промоција на поддржаното донесување на одлуки на лицата со попречености!