„АктивУм“ од Куманово во соработка со организации од Европа изработија водич за донесување на одлуки за лица со интелектуална попреченост Граѓанската организација „АктивУм“ од Куманово во партнерство до организации од Шпанија, Грција, Литванија и Полска, изработија водич за донесување одлуки за лицата со интелектуална попреченост, родителите, терапевтите и обучувачите, соопштија денеска од организацијата. Водичот е достапен на седум јазици и е дел од Еразмус проектот „Одлучувач“ кој се фокусира на […]
Uncategorized
Граѓанската организација „АктивУм“ во рамки на проектот „Едукативен метод што доведува до подобрување на вработливоста на возрасните лица со интелектуална попреченост“, заедно со соработници, граѓански организации од повеќе европски земји изработија брошура во лесно читлива форма за лица со интелектуална попреченост, соопштија денеска од организацијата. Брошурата, изработена во соработка со граѓански организации од Шпанија, Грција, Турција и Полска e наменета за едукацијата на возрасни лица со интелектуална попреченост за користење […]
Проектот “Донесете свој уред” Ве поканува на вториот вебинар ,,Интернет Безбедност” кој ќе се одржи на 25 јуни од 16:00 до 17:00 часот. Вебинарот ќе го прикаже вториот сет на мобилни апликации, кој е мошне корисен за наставниците, едукаторите, тренерите, волонтерите и сите оние кои работат со лицата со попреченост. Учесниците ќе можат да се стекнат со знаења со кои ќе ги унапредат работните вештини на лицата со попреченост […]
ПОКАНА ЗА ВЕБИНАР ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА Проектот “Донесете свој уред” Ве поканува на вториот вебинар ,,Интернет безбедност” кој ќе се одржи на 24 јуни од 14:00 до 14:30 часот. Вебинарот ќе го прикаже вториот сет на мобилни апликации, наменет за лицата со интелектуална попреченост кои би сакале да живеат самостојно и да работат на отворениот пазар на труд. Учеството е отворено и бесплатно за сите лица со интелектуална попреченост, со […]
Граѓански Центар Активум го публикува својот Годишен Извештај за 2020 година. Во него ќе најдете информации за сите спроведени активности, иницијативи и соработки реализирани во 2020та година. Им благодариме на сите партнери, учесници, волонтери и донатори за поддршката. Се надеваме на уште многу следни успешни приказни и соработки.
Во Мај, 2021, Граѓански Центар АктивУм започна соработка со Јавната Установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми Скопје, и Јавната установа 11ти Октомври Скопје, за заедничко спроведување на активности во рамки на проектот Учествувам, Учам, Одлучувам. Иницијативата претставува поддршка на постоечките активности во малите групни домови за деца под социјален ризик. Целта е да преку креативно исполнување на слободното време на децата, неформална едукација и дружење се работи […]