Во Мај, 2021, Граѓански Центар АктивУм започна соработка со Јавната Установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми Скопје, и Јавната установа 11ти Октомври Скопје, за заедничко спроведување на активности во рамки на проектот Учествувам, Учам, Одлучувам. Иницијативата претставува поддршка на постоечките активности во малите групни домови за деца под социјален ризик. Целта е да преку креативно исполнување на слободното време на децата, неформална едукација и дружење се работи на зајакнување на личните и социјални вештини, подигање на самодовербата и позитивната слика за сами себе, и се постави основа за професионално ориентирање, поставување позитивни цели и зголемување на можностите за вработливост.
Активностите вклучуваат групни работилници за готвење и здрава исхрана, помош во совладување на јазик и комуникација, зајакнување на меки вештини за кариерен избор и вработување.
Финансиска подршка е обезбедена преку Програмата за детска, социјална и здравствена заштита при Град Скопје.