На 10ти јуни, партнерите на проектот го организираа Транснационалниот Проектен Состанок во виртуелна форма.
Главната тема на состанокот беше подготовка за MOOCs – Масивни Отворени Онлајн Курсеви. Пакетот MOOCs е следниот проектен резултат што треба да се реализира. Секој партнер треба да работи на подготовка на MOOCs. MOOCs ќе бидат преведени на сите јазици на проектот и ќе бидат објавени на порталот и некои платформи на MOOCs.
Претставниците на Еспурна ги презентираа основите за создавање и публикација на MOOCs. За време на состанокот во групи, партнерите подготвија предлог на MOOCs за теми за кои се одговорни. Сите предлози беа дискутирани помеѓу партнерите за време на состанокот.
По состанокот, партнерите се целосно подготвени да подготват MOOCs.
За време на состанокот исто така, партнерите дискутираа за финансиски прашања како и за следните чекори.
Пред нас се некои нови, возбудливи предизвици – партнерите се согласија на крајот од состанокот. Сите нови резултати ќе бидат објавени на нашиот портал