Во рамките на проектот “Урбаната култура ги поврзува младите од Западен Балкан” е изработен видео запис каде се документирани дел од проектните активности и изјавите на учесниците кои беа дел од Регионалниот панел со наслов “Вработувањето на младите е на дневен ред – предизвици и перспективи за локалните самоуправи”.
Млади, вработување, претприемништво, мобилност, размена, добри практики, обуки, поддршка…се клучните зборови на ова видео.
Погледнете го видеото и споделете го со некој кој сака и размислува да стане иден претприемач, некој кој има идеја и желба да инвестира во себе и својата иднина.
“Урбаната култура ги поврзува младите од Западен Балкан” е заеднички проект на Локалниот центар за демократија Суботица во соработка со Агенцијата за локална демократија Никшиќ и Здружението Активум Куманово. Проектот е поддржан од Регионалната Програма за Локална Демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската Унија (EU), и спроведувана од Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP).