Во рамки на проектот “Одлучувач”, тимот на Активум од 14-ти до 16-ти март присуствуваше на работна средба во Жирона, Шпанија. “Одлучувач” е проект насочен кон развивање на алатки за поддржувано донесување на одлуки кај лица со интелектуална попреченост. Нашиот тим беше дел од групата на 18 професионалци кои работат на употреба на дигитални алатки во работата со лица со интелектуална попреченост. Средбата се одржа во седиштето на нашиот домаќин, здружението “Поддршка”, каде уште првиот ден поодблиску се запознавме со тимот, нивната работа, проекти, идеи, мисија и визија. Понатака, во рамки на средбата беа претставени и дискутирани сите алатки развиени во проектот, а посебно внимание се посвети на мобилната апликација со исто име – Одлучувач, при што сите учесници имаа можност да ја користат и совладаат оваа апликација. Овој состанок претставува последен чекор пред започнување на пилот фазата т.е пред алатките да се пуштат во употреба меѓу професионалците, семејствата и лицата со интелектуална попреченост, и беше одлична подготовка на сите едукатори за овој дел од проектот. Самиот проект е поддржан од Еразмус+ програмата за образование на возрасни, а се спроведува во 5 партнерски земји – Македонија, Полска, Шпанија, Грција и Литванија.
You may also like
На 25ти Март, 2024, во Занатскиот Дом во Куманово, се случи завршниот настан на проектот “Think b4 you click – Кликни пред […]
Нашето ново видео за тоа како помина циклусот Фото Работилници кој успешно го пројдоа 20 Кумановци и Кумановки. Учење, дружење, со забава […]
Здружението Граѓански Центар АктивУм распишува оглас за резиденцијален престој за еден/на млад/а ликовен/на уметник/ца. За време на престојот уметникот/цата може да твори […]
Проектот “Донесете свој уред” Ве поканува на петтиот вебинар ,,Алатки за канцелариска работа” кој ќе се одржи на 05 април од 14:00 […]