ОДЛУЧУВАЧ – Методологија за поддржано донесување на одлуки

Изминатиов период беше доста активен за Граѓански Центар Активум од Куманово и европските партнери кои го спроведуваат проектот Одлучувач, во рамки на Еразмус + програмата за образование на возрасни. Целта на Одлучувач е да го покрие недостигот од информатички образовни и тренинг ресурси на тимовите кои работат на полето на попреченост, преку имплементација на методологијата за Поддржано Донесување на Одлуки (ПДО).

Поддржаното донесување одлуки (ПДО) е алатка која им овозможува на лицата со попреченост да ја задржат својата способност за одлучување преку избирање на поддржувачи кои ќе им помогнат да направат избор. Во ПДО, лицето никому не му дава овластување да одлучува во негово/јзино име; попрво ја структурира поддршката што му/и е потребна за да донесува сопствени одлуки.

ПДО претставува алатка за  поддршка на лицата со попреченост, чија цел е подобрување на нивните автономија, независност и квалитет на живот преку целосно уживање на правото на деловна способност, гарантирано во член 12 од Конвенцијата за права на лица со попреченост (UNCRPD).

По спроведената анализа на ситуацијата, изработката на мобилната апликација Одлучувач и брошурата во лесно читлива форма наменета за лица со попреченост, партнерите во 5те земји изработија и Водич кој содржи низа на упатства за употреба на методологија за поддржано донесување одлуки и воспоставување на еден универзален процес кој треба да се вклучи во структирата за испорака на услуги кај сите организации кои работат на темата.

Главната целна група на овој Водич се лицата со посебни потребни потреби кои преку  усвојувањето на методологијата за поддржано донесување на одлуки ќе бидат зајакнати да носат одлуки и да воспостават подобра контрола врз сопствените животи.

Друга целна група се родителите, кои треба да бидат едуцирани и подготвени да го поддржат концептот на поддржано донесување на одлуки.

И конечно целна група се и наставниците, обучувачите и другите поддржувачи кои преку овој Водич ќе се запознаат со процесот на поддржано донесување на одлуки и достапните алатки со што ќе им се прошири опсегот на можности и методи за работа на подобрување на самостојноста и независноста на лицата со посебни потреби.

Самиот Водич и методологијата се достапни на македонски, англиски, полски, литвански, грчки, шпански и каталонски јазик, на проектната веб страна: http://decider-project.eu/

Заедно со Граѓански Центар Активум, во проектот учествуваат и Здружение за лица со интелектуална попреченост од Р. Полска,  Здружение за грижа на лица со интелектуална попреченост “Вилтис” Р. Литванија, Фондација ПОДДРШКА и Фондација Кампус од Р. Шпанија и Центарот за стручно оспособување МАРГАРИТА од Р. Грција.

 

Posted on