Урбаната култура ги поврзува младите од Западен Балкан е заеднички проект на Центарот за локална демократија Суботица, Агенцијата за локална демократија Никшиќ и Граѓанскиот Центар АктивУМ од Куманово.
Целта на проектот е да се поттикне младинската мобилност и учество во регионалната соработка и размена како алатка за развој на професионалните вештини, професионална обука и економско зајакнување на младите. Активностите се насочени кон зголемување на учеството на младите во процесите на донесување одлуки и соработка со локалните власти за развој на професионалните вештини и економско зајакнување и подобрување на знаењата и претприемачките вештини на младите за развој на старт-ап во ИТ секторот преку зголемена регионална соработка и размена на добри локални практики во трите градови.
Активностите вклучуваат:
1. Подготовка и креирање на компаративна анализа заснована на теренско истражување на положбата на младите во три града: законска и институционална рамка, механизми за вклучување на младите во локалните јавни политики, учество во младински клубови, можности за образование и професионален развој итн;
2. Организација на Регионален тематски панел, чија цел е размена на добри локални практики во спроведувањето на младинските политики, особено во делот на економското зајакнување, вработувањето и подобрувањето на претприемачките вештини;
3. Студиска посета на Суботица од претставници на локалните самоуправи Никшиќ и Куманово, како и дводневна обука за млади од областа на зајакнување на претприемничките вештини во ИКТ секторот во соработка со ИТ кластерот Суботица;
4. Регионалната програма за мобилност за унапредување на професионалните вештини на младите идни ИТ претприемачи се состои од размена и работна пракса за по двајца млади од секој град во времетраење од 5 работни дена. Во програмата за размена се вклучени локални институции како младински центар, локални невладини организации, здруженија на претприемачи, културни и образовни институции, ИКТ кластери;
5. Ќе се организираат локални активности со цел да се придонесе за подобро информирање на младите и нивно вклучување во локалните јавни политики преку локална јавна дебата и препораки за нивно подобрување, како и креирање на онлајн Водич за вработување и зајакнување на претприемачките вештини.
Во текот на проектот ќе се организираат заеднички промотивни активности прилагодени на младата популација.
Иницијативата е дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) финансирана од Европската Унија (ЕУ) и имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
За повеќе информации за програмата ReLOaD2, посетете го следниот линк: https://www.undp.org/bosnia-herzegovina/projects/regional-programme-local-democracy-western-balkans-reload