Фото работилница #1

Викендов АктивУм ја организираше првата работилница за улична фотографија, наменета за граѓаните на Куманово. Во серија од 5 работилници, 20 Кумановци и Кумановки ќе се запознаат со основите на уличната фотографија и ќе имаат можност да преку практична работа – фотографирање на терен ги усовршат своите фотографски вештини и амбиции. Крајна цел е да што повеќе граѓани се инспирираат да конкурираат за фото конкурсот и изложбата кои ќе следат во Октомври, а кои ќе имаат за цел да го документираат и слават културното и духовно наследство на Куманово.

Фото работилниците АктивУм ги организира заедно со Фото Клуб Куманово и Дом на Култура Трајко Прокопиев, во рамки на проектот #Култура за Куманово #Куманово за Култура. Проектот е дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од ЕУ, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а дел кофинасира и Општина Куманово.

Posted on

KumanovoNews

Локален електронски медиум
https://kumanovskimuabeti.mk/kultura-za-kumanovo-kumanovo-za-kultura-proekt-na-aktivum-za-promocija-na-kulturno-duhovno-nasledstvo-i-tradicija-na-kumanovo1
Posted on

#Култура за Куманово #Куманово за Култура

#Култура за Куманово #Куманово за Култура е проект кој го спроведува Здружението за активизам, едукација, култура и уметност ГРАЃАНСКИ ЦЕНТАР АктивУм Куманово.

Основната цел и фокус на проектот е афирмација на традицијата, културното и духовното наследство на општина Куманово, преку мобилизација и учество на самата заедница, а со посебен акцент на зајакнување и вклучување на младите. Во таа насока проектот предвидува организирање на Уличен фестивал кој ќе ги мобилизира сите граѓани и граѓанки од општина Куманово, фотографиите и видео записот од фестивалот ќе останат како промотивни материјали, а како придонес во афирмацијата на солидарноста и општествената одговорност на бизнис заедницата како нова културна придобивка, проектот предвидува и организирање на донаторски настан. Самиот проект подразбира активна вклученост на сите сегменти од локалната заедница на општина Куманово и здружување на сите локални ресурси од човечки и институционален карактер, што би претставувало промоција на назјначајното од локалната култура и традиција – а тоа е соживотот и славење на различноста.

Значајно е да се напомене дека токму годинава градот Куманово слави 500 години постоење, и воедно е Град на Културата за 2019та година, а предложените проектни активности даваат свој придонес во славењето и одбележувањето на истото.

Цели на проектот

  • Афирмирање на уличниот фестивал како алатка за претставување и славење на духовното и културното наследство во градот преку мобилизација на локалното население, а посебно младите;
  • Афирмирање на донаторството и филантропијата помеѓу бизнис заедницата во Куманово како алатка за општествена одговорност, но и културна вредност за соживот и солидарност;

Очекувани резултати на проектот

  • Стекнати вештини за улична фотографија кај 20 млади луѓе од различен пол и етничка припадност; 
  • Изработени и промовирани материјали кои го документиратт и слават културното и социјалното наследство на Куманово;
  • Мобилизирана локалната заедница во разбирањето, славењето и промоцијата на локалната традиција,  материјално и нематеријално наследство, како и историјата на мултикултурно и мултиетничко живеење;
  • Мобилизирана локалната бизнис заедница вопромовирање на филантропија и донаторствокако локална вредност која треба да се усвојува и негува.

Времетраење на проектот е 6 месеци, од септември 2019  до март 2020 година.

Проектот е дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) кој е финансиран од ЕУ, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Линкот кој води до повеќе информации за проектот ReLOaD:

http://www.mk.undp.org/content/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/en/home/operations/projects/democratic_governance/regional-programme-on-local-democracy-in-the-western-balkans.html

Лице за контакт: Марија Тошева

Posted on