Покана за вебинар – Лица со попреченост

Проектот “Донесете свој уред” Ве поканува на четвртиот вебинар ,,Наоѓање и одржување работа” кој ќе се одржи на 03 февруари од 14:30 до 15:00 часот.

Вебинарот ќе го прикаже четвртиот сет на мобилни апликации, наменет за лицата со интелектуална попреченост кои би сакале да живеат самостојно и да работат на отворениот пазар на труд.

Учеството е отворено и бесплатно за сите лица со интелектуална попреченост, со претходна регистрација на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc6l3Q8R1K_-8aUUzTIhJwe9l54hFHUHgOGDeX1B0kyAVeV7Q/viewform

Вебинарот ќе се одржи на платформата ZOOM.

Posted on

ПОКАНА ЗА ВЕБИНАР

Проектот “Донесете свој уред” Ве поканува на третиот вебинар ,,Транспорт” кој ќе се одржи на 29 октомври од 11:00 до 11:30 часот.
Вебинарот ќе го прикаже третиот сет на мобилни апликации, наменет за лицата со интелектуална попреченост кои би сакале да живеат самостојно и да работат на отворениот пазар на труд.
Учеството е отворено и бесплатно за сите лица со интелектуална попреченост, со претходна регистрација на следниот линк:
Вебинарот ќе се одржи на платформата ZOOM.
Posted on

ПОКАНА ЗА ВЕБИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ

Проектот “Донесете свој уред” Ве поканува на третиот вебинар ,,Транспорт” кој ќе се одржи на 22 октомври од 15:00 до 16:00 часот.
Вебинарот ќе го прикаже третиот сет на мобилни апликации, кој е мошне корисен за наставниците, едукаторите, тренерите, волонтерите и сите оние кои работат со лицата со попреченост. Учесниците ќе можат да се стекнат со знаења со кои ќе ги унапредат работните вештини на лицата со попреченост преку користење на мобилни технологии, а се со цел нивно полесно вработување на пазарот на трудот.
Учеството е отворено и бесплатно, со претходна регистрација на следниот линк:
Вебинарот ќе се одржи на платформата ZOOM.
Posted on

ТРАНСНАЦИОНАЛЕН ПРОЕКТЕН СОСТАНОК

На 10ти јуни, партнерите на проектот го организираа  Транснационалниот Проектен Состанок во виртуелна  форма.

Главната тема на состанокот беше подготовка за MOOCs  – Масивни Отворени Онлајн Курсеви. Пакетот MOOCs  е следниот проектен резултат  што треба да се реализира. Секој партнер треба да работи на подготовка на MOOCs. MOOCs  ќе бидат преведени на сите јазици на проектот и ќе бидат објавени на порталот и некои платформи на MOOCs.

Претставниците на Еспурна ги презентираа основите  за создавање и публикација на MOOCs. За време на состанокот во групи, партнерите подготвија предлог на MOOCs за теми за кои се одговорни. Сите предлози беа дискутирани помеѓу партнерите за време на состанокот.

По состанокот, партнерите се целосно подготвени да подготват MOOCs.

За време на состанокот исто така, партнерите дискутираа за финансиски прашања како и за следните чекори.

Пред нас се некои нови, возбудливи предизвици – партнерите се согласија на крајот од состанокот. Сите нови резултати ќе бидат објавени на нашиот портал

Posted on

Резиденцијален престој на млади уметници

Помеѓу 10ти и 25ти Септември, на планината Огражден во месноста Преведена, Граѓански Центар Активум поддржа резиденција на младата визуелна уметница Ана Лазаревска. Во прилог неколку фотографии од творечкиот процес на Ана. Крајната цел е подготовка на изложба инспирирана или поддржана во рамки на резиденцијата.

Повеќе информации за досегашната работа на Ана може да најдете на нејзината  страна.

Резиденцијата е дел од проект Резиценцијален престој за млади уметници на Граѓански центар АктиУм кој финансиски е поддржан од Министертво за култура.

 

 

Posted on

Повик за резиденцијален престој за ликовни уметници

Здружението Граѓански Центар АктивУм распишува оглас за резиденцијален престој за еден/на  млад/а ликовен/на уметник/ца. За време на престојот уметникот/цата може да твори на тема по свој избор.

Резиденцијалниот престој ќе се реализира во Вила Преведена  во периодот од 10 до 25 септември. Вилата Преведена  се наоѓа на 1200 метри надморска височина на планината Огражден помеѓу Берово и Струмица. Ова место е изолирано во планината и нуди извонредни можности за творење  во природа. Најблиското населено место е беровското село Двориште кое се наоѓа на 8 километри од местото Преведена. Во текот на резиденцијата учесниците ќе имаат поддршка  за нивната работа од координаторот на проектот и локалните мештани. Во текот на последните 2 дена од резиденцијалниот престој ќе се организира видео разговор со уметникот за неговото творештво и  резиденцијалниот престој. Во договор со уметникот во месец октомври или ноември ќе биде организизирана  виртуелна (он лајн изложба)  на која  ќе бидат промовирани делата креирани за време на резиденцијалниот престој.  

Трошоците за сместување се покриени од организаторот. Дополнително уметникот ќе добие хонорар од 9.000 денари за храна.

Вилата располага со две посебни соби, кујна и тоалет, кабелска телевизија и интернет.

Услови за учество во проектот:

  • Ликовни уметници на возраст до 35 години;
  • Кандидатите да имаат реализирано најмалку една самостојна изложба;
  • Достава на биографија, мотивационо писмо и најмалку  три (3) уметнички дела како портфолио;

Краен рок за пријавување е 30 август 2021 година до 24 часот.

Приоритет ќе имаат уметниците кои досега не користеле финансиски средства од Министерството за култура.

Сите млади уметници можат да се пријават преку поднесување на потребните документи  на  електронската пошта vlatkodеkov@gmail.com.  

Сите прашања и појаснувања може да ги доставите на истата електронската пошта.

Резиденцијалниот престој е дел од проектот Резиденцијален престој за млади уметници кој е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Posted on

Водичот за донесување одлуки е подготвен

„АктивУм“ од Куманово во соработка со организации од Европа изработија водич за донесување на одлуки за лица со интелектуална попреченост

Граѓанската организација „АктивУм“ од Куманово во партнерство до организации од Шпанија, Грција, Литванија и Полска, изработија водич за донесување одлуки за лицата со интелектуална попреченост, родителите, терапевтите и обучувачите, соопштија денеска од организацијата. Водичот е достапен на седум јазици и е дел од Еразмус проектот „Одлучувач“ кој се фокусира на подготовка на методологија за поддржано донесување одлуки на лицата со посебни потреби за учење. Целта на публикацијата е да понуди знаења за поддржувачите на лица со посебни потреби за учење за поддржаното донесување одлуки и неговото влијание врз квалитетот на нивниот живот.

– Публикацијата се базира на интервјуа на различни теми на кои секојдневно се донесуваат одлуки: едукација, вработување, врски, независно живеење, менаџирање со пари. При спроведувањето на интервјуата испитувавме кои се постоечките можности за донесување одлуки кај лицата со посебни потреби во учењето, во кои области од животот се неопходни одлуки, волјата за донесување одлука и преземањето одговорност, проблемите и бариерите, начинот на давање/примање поддршка, правната регулатива итн. Интервјуата беа правени со лица со попреченост, нивните родители и семејства и терапевти и обучувачи. Психолог и правник ги коментираа случаите за сите засегнати страни да имаат информации за тоа како да се избегнат проблеми, да се справат со тешка ситуација или имаат позитивен став кон животот – изјави Марија Тошева од „АктивУм“.

Водичот вклучува корисни информации за моменталната состојба со поддржаното донесување одлуки (ПДО) во секоја земја-партнер, опис на приказни од корисници на услуги, родители, поддржувачи и коментари на приказните од адвокат и психолог. Методологијата опфаќа анализа на основните елементи и добрите практики на поддржаното донесување на одлуки и нивно капитализирање на систематски начин – универзален процес кој треба да биде вкоренет во структурите за испорака на услуги.

– Секој партнер спроведе по три интервјуа во една група (возрасни лица со посебни потреби, родители, обучувачи). Партнерите обезбедија интервјуа кои се однесуваа на различни проблеми, опфаќајќи ги сите области на поддржаното донесување одлуки. Интервјуата со возрасни лица со попреченост беа спроведени според сите правила и мерки за Ковид 19 како и заштита на лични информации – појаснува Тошева.

Проектот почна во ноември 2020 и ќе трае до мај 2023 година, а е поддржан од Еразмус + програма, К2 акција стратешко партнерство – образование на возрасни.

Posted on

Брошура за лица со интелектуална попреченост во лесно читлива форма

Граѓанската организација „АктивУм“ во рамки на проектот „Едукативен метод што доведува до подобрување на вработливоста на возрасните лица со интелектуална попреченост“, заедно со соработници, граѓански организации од повеќе европски земји изработија брошура во лесно читлива форма за лица со интелектуална попреченост, соопштија денеска од организацијата. Брошурата, изработена во соработка со граѓански организации од Шпанија, Грција, Турција и Полска e наменета за едукацијата на возрасни лица со интелектуална попреченост за користење на различни мобилни апликации и е достапна на шест јазици.

  • Лицата со интелектуална попреченост ќе можат да добијат информации и можност за совладување на нови вештини во достапна и разбирлива форма. Со оглед на се поголемите можности кои ги нуди мобилната технологија, работиме да преку овие вештини лицата се охрабрат и бидат посамостојни при влегувањето на пазарот на трудот – изјави Марија Тошева од „АктивУм“.

Надлежните од организацијата велат дека брошурата особено е важна за лицата со интелектуална попреченост кои се заинтересирани да бидат вработени на слободниот пазар на трудот или да ја задржат својата работа.

  •  Исто така, изработивме и лесно разбирливи видеа што ќе го олеснат учењето за користење на овие апликации од страна на лицата со интелектуална попреченост – додава Тошева.

Проектот финансиран од Еразмус + програмата во рамките на KA2 акција Образование на возрасни – Стратешко партнерство, почна да се спроведува од октомври, минатата година.

Posted on

ПОКАНА ЗА ВЕБИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ

 

Проектот “Донесете свој уред” Ве поканува на вториот вебинар ,,Интернет Безбедност” кој ќе се одржи на 25 јуни од 16:00 до 17:00 часот.

Вебинарот ќе го прикаже вториот сет на мобилни апликации, кој е мошне корисен за  наставниците, едукаторите, тренерите, волонтерите и сите оние кои работат со лицата со попреченост. Учесниците ќе можат да се стекнат со знаења со кои ќе ги унапредат работните вештини на лицата со попреченост преку користење на мобилни технологии, а се со цел нивно полесно вработување на пазарот на трудот. 

Учеството е отворено и бесплатно, со претходна регистрација на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfnyo2U_V2vLe9MIf-ADmZldysqSY7HwmDnj3MWTHZbKlRciw/viewform

Вебинарот ќе се одржи на платформата ZOOM.

Posted on

ПОКАНА ЗА ВЕБИНАР

ПОКАНА ЗА ВЕБИНАР

ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

Проектот “Донесете свој уред” Ве поканува на вториот вебинар ,,Интернет безбедност” кој ќе се одржи на 24 јуни од 14:00 до 14:30 часот.

Вебинарот ќе го прикаже вториот сет на мобилни апликации, наменет за лицата со интелектуална попреченост кои би сакале да живеат самостојно и да работат на отворениот пазар на труд.

Учеството е отворено и бесплатно за сите лица со интелектуална попреченост, со претходна регистрација на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSemB4xW3hk8-FBISoyhuAYjNhlBW5ORhddshFXlM-z0z1NUcQ/viewform

Вебинарот ќе се одржи на платформата ZOOM.

Posted on