Заврши конкурсот и селекцијата на фотографии за Старо и Ново Куманово. Целта на конкурсот беше да се добијат фотографии кои ја афирмираат локалната култура, традиција, но и урбано живеење и секојдневие на Кумановци, како дел од прославата на 500 години Куманово. На конкурост се пријавија 181 фотографија, па жирито составено од искусните фотографи Владимир Јовановски, Влатко Деков и Дарко Даутовиќ имаа тешка задача да почнат со избор на 100 фотографии […]
Uncategorized
Во сабота, на 26.10.2019, со почеток од 12часот, на плоштадот пред “НУЦК Трајко Прокопиев” во Куманово ќе се случи нашиот уличен фестивал “КуманиУм”. Фестивалот го прават и создаваат сите наши сограѓанки и сограѓани кои како изложувачи, фотографи, глумци, писатели, готвачи, музичари, уметници, креативци, изведувачи ќе ја афирмираат и промовираат локалната култура и традиција огледана преку музиката, занаетите, фотографијата, графитите, храната, уметноста и играта. Ова е наш заеднички придонес кон одбележувањето […]
Нашето ново видео за тоа како помина циклусот Фото Работилници кој успешно го пројдоа 20 Кумановци и Кумановки. Учење, дружење, со забава и многу многу фоткање. Со среќа и успех на идните фотографи и документатори на нашето локално живеење и секојдневие! Ве чекаме на нашите следни активности!#КултураЗаКуманово#КумановоЗаКултура#ReLOaD#LocalDemocracy#WesternBalkans#ОпштинаКуманово
Граѓански Центар АктивУм од Куманово, објавува конкурс за прибирање на фотографии кои го документираат и слават Старо и Ново Куманово/ско. Избраните фотографиите ќе бидат изложени во рамки на уличниот фото фестивал во Куманово, и на фото изложба во рамки на НЦУК Трајко Прокопиев. Фотографиите ќе бидат селектирани од тричлената комисија составена од професионални и истакнати фотографи и уметници. Најдобрите 3 фотографии ќе бидат наградени со парични награди: 1во место – […]
Наскоро, нашиот град ќе биде прикажан од поинаков објектив. Наскоро ќе бидете и Вие дел од необично улично доживување. Ако го сакате Куманово ќе дојдете сите. Културолошки настан од светски размери. Останете љубопитни…
Викендов АктивУм ја организираше првата работилница за улична фотографија, наменета за граѓаните на Куманово. Во серија од 5 работилници, 20 Кумановци и Кумановки ќе се запознаат со основите на уличната фотографија и ќе имаат можност да преку практична работа – фотографирање на терен ги усовршат своите фотографски вештини и амбиции. Крајна цел е да што повеќе граѓани се инспирираат да конкурираат за фото конкурсот и изложбата кои ќе следат во […]