Граѓански Центар Активум и ОУ Крсте Мисирков работат на зголемување на интернетбезбедноста меѓу ученици и наставници


Од септември оваа година, Граѓански Центар Активум и ОУ Крсте Мисирков од Куманово,
започнаа со спроведување на низа активнсти за намалување и подобро справување со сајбер
булингот меѓу учениците на возраст од 11 до 15 години. Клучните активности во проектот
насловен “Think b4 you click – Размисли пред да кликнеш” се спроведување на низа
работилници со учениците за зголемување на свесноста за сајбер булингот и последиците,
негово препознавање и заштита од истото, но и работилници со наставниците за зајакнување
на нивните дигитални вештини/познавање и подобрување на дигиталната опременост во
училиштето. Работилниците се спроведуваат во соработка со училишен професор по
информатика, училишен педагог, но и претставник на СВР Куманово, Сектор за компјутерски
криминал.
Паралалено со работилниците, ќе се креира безбедно сандаче за анонимно пријавување на
случаи на насилство и барање на поддршка, ќе се креираат визуелни ресурси за превенција
базирани на реални сценарија, и ќе се креира широка мрежа на пиер едукативни сесии на
одделенските часови со цел темата да продолжи да се разговара и надградува во текот на
цела школска година.
Веќе подолго време медиумите во нашата држава известуваат за алармантен број на жртви од
сајбер насилство при што учениците и родителите не знаат како да ги решат проблемите, а
училиштата бараат модел и превентива како да се справат со истиот. Општина Куманово не е
имуна на ваквите трендови.
Пред започнувањето на активностите, а преку разговор со наставниците од училиштето е
утврдено дека наставниците се свесни дека учениците ги користат социјалните мрежи без
родителски надзор и создаваат профили на интернет без разлика на возрасното ограничување
или типот на содржината. Свесни се и дека сајбер булинг постои и дека децата не
препознаваат дека нивните постапки се акт на насилство кое има последици, не знаат како да
се заштитат, и не секогаш препознаваат дека се жртви на насилство за кое имаат право да
бидат заштитени, наместо засрамени.
Засега во општина Куманово не постои стратешки и кооридниран пристап кон дигиталната
писменост и сајбер насилството, ниту одржливи активности на оваа тема. На овој проект
гледаме како пилот активност која може да претставува добра основа за иницирање и
надградување на понатамошни активности во доменот на дигитализацијата и младите во
нашата општина, како и потенцијалите на соработка меѓу здруженијата на граѓани и локалните
институции и училишта.
Активностите се поддржани од Фондација Отворено Општество Македонија.

Posted on