Педагошки прирачник за алатки за одлучување

На 14 ноември 2023 година завршува проектот “ОДЛУЧУВАЧ – Подобрување на животните
искуства на возрасни лица со посебни потреби за учење, обучувачи и родители преку
поддржано донесување одлуки“. Овој проект 36 месеци го спроведуваат Граѓански Центар
Активум од Куманово заедно со европските партнери од Шпанија, Полска, Грција и
Литванија во рамки на Еразмус + програмата за образование на возрасни. Целта на
Одлучувач е да го покрие недостигот од информатички образовни и тренинг ресурси
на тимовите кои работат на полето на попреченост, преку имплементација на
методологијата за Поддржано Донесување на Одлуки (ПДО).
Поддржаното донесување одлуки (ПДО) е алатка која им овозможува на лицата со
попреченост да ја задржат својата способност за одлучување преку избирање на
поддржувачи кои ќе им помогнат да направат избор. Во ПДО, лицето никому не му
дава овластување да одлучува во негово/јзино име; попрво ја структурира поддршката
што му/и е потребна за да донесува сопствени одлуки.
Досега Активум и партнерите изработија низа на алатки како што се Водич со анализа
на ситуацијата за ПДО, мобилна апликација Одлучувач, брошура во лесно читлива
форма, мултимедијален пакет – дигитални алатки, Методологија за ПДО, а како
последена активност беше изработка на Педагошки прирачник за алатки за
одлучување.
Овој педагошки прирачник ќе биде посебно наменет за обучувачи и професионалци
од организации кои работат во социјалниот сектор или во услуги наменети за лицата
со инвалидитет. Работата во социјалната заштита бара висококвалитетни и иновативни
обуки за тренерите/едукаторите кои работат со лицата со интелектуална попреченост.
Целта на овие активности е обезбедување на услуги според стандардите на
Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност како и зајакнување на нивната
самостојност и автономија.
Педагошкиот прирачник е преведен на 7 јазици и може да се најде на проектниот веб
портал: http://decider-project.eu/

Posted on