Годишен извештај 2020

Граѓански Центар Активум го публикува својот Годишен Извештај за 2020 година. Во него ќе најдете информации за сите спроведени активности, иницијативи и соработки реализирани во 2020та година.

Им благодариме на сите партнери, учесници, волонтери и донатори за поддршката. Се надеваме на уште многу следни успешни приказни и соработки.

Posted on

Учествувам, учам, одлучувам – зајакнување на млади лица под социјален ризик

Во Мај, 2021, Граѓански Центар АктивУм започна соработка со Јавната Установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми Скопје, и Јавната установа 11ти Октомври Скопје, за заедничко спроведување на активности во рамки на проектот Учествувам, Учам, Одлучувам.  Иницијативата претставува поддршка на постоечките активности во малите групни домови за деца под социјален ризик. Целта е да преку креативно исполнување на слободното време на децата, неформална едукација и дружење се работи на зајакнување на личните и социјални вештини,  подигање на самодовербата и позитивната слика за сами себе, и се постави основа за професионално ориентирање, поставување позитивни цели и зголемување на можностите за вработливост.

Активностите вклучуваат групни работилници за готвење и здрава исхрана, помош во совладување на јазик и комуникација, зајакнување на меки вештини за кариерен избор и вработување.

Финансиска подршка е обезбедена преку Програмата за детска, социјална и здравствена заштита при  Град Скопје.

Posted on

ПОКАНА ЗА ВЕБИНАР ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА – ЗА НАСТАВНИЦИ

Проектот “Донесете свој уред” Ве поканува на првиот вебинар ,,Експерт за Интернет Комуникација” кој ќе се одржи на 27 април од 16:30 до 17:30 часот.

Вебинарот ќе го прикаже првиот сет на мобилни апликации, кој е мошне корисен за  наставниците, едукаторите, тренерите, волонтерите и сите оние кои работат со лицата со попреченост. Учесниците ќе можат да се стекнат со знаења со кои ќе ги унапредат работните вештини на лицата со попреченост преку користење на мобилни технологии, а се со цел нивно полесно вработување на пазарот на трудот. 

Учеството е отворено и бесплатно, со претходна регистрација на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfrhjw-dxP68-f_OBpYkEHjP-UrupCMab3-pOgEQO6W7x5E2w/viewform

Вебинарот ќе се одржи на платформата ZOOM.

Posted on

ПОКАНА ЗА ВЕБИНАР ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

Проектот “Донесете свој уред” Ве поканува на првиот вебинар ,,Експерт за Интернет Комуникација” кој ќе се одржи на 23 април од 14:00 до 14:30 часот.

Вебинарот ќе го прикаже првиот сет на мобилни апликации, наменет за лицата со интелектуална попреченост кои би сакале да живеат самостојно и да работат на отворениот пазар на труд.

Учеството е отворено и бесплатно за сите лица со интелектуална попреченост, со претходна регистрација на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdX6-JHdn3Nvb7E-J_MHr9ekF6nJOZEE7BwLNDDcjs7MyqE0Q/viewform?gxids=7628

Вебинарот ќе се одржи на платформата ZOOM.

Posted on

Започна проектот ОДЛУЧУВАЧ!

2020-1-PL01-KA204-081965

КОВИД-19 е сè уште присутен и ги отежнува патувањата и средбите, но тимот на проектот ОДЛУЧУВАЧ од Полска, Шпанија, Грција, Северна Македонија и Литванија, го одржа првиот онлајн  состанок  на 11-12 јануари 2021 година.

Сигурно се прашувате што е ОДЛУЧУВАЧ. ОДЛУЧУВАЧ е ЕРАЗМУС + проект кој има за цел да го пополни недостатокот на ИТ едукативни и обучувачки ресурси на стручните лица што работат на полето на попреченост чија цел е  спроведување на поддржано донесување одлуки  како услуга за поддршка на лицата со попреченост, се со цел подобрување на нивната самостојност и квалитетот на животот.

Проектот  ОДЛУЧУВАЧ  е инспириран од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (УНЦРПД), конкретно од членот 12 кој се однесува на еднакво признавање пред законот на еднаква основа со другите. Преку проектот ОДЛУЧУВАЧ планираме да ја поддржиме Kонвенцијата да ја постигне својата цел кон остварување на човековите права на лицата со попреченост. Поддржаното донесување на одлуки е докажано како ефикасен механизам за спроведување на правниот капацитет, меѓутоа, ниту една земја не постигнала задоволително ниво на структурна имплементација. Недостатокот на знаење, механизми и професионални ресурси за да се имплементира овој механизам се главните бариери со кои секоја од земјите се соочува. Проектот ОДЛУЧУВАЧ треба да понуди решенија со кои овие бариери во иднина би се надминале.

Резултатите од ОДЛУЧУВАЧ ќе се засноваат на ко-продуктивна методологија што значи дека лицата со попреченост ќе бидат вклучени во повеќе проектни активности, се со цел да се обезбеди поголема ефикасност и брзи резултати.

Доколку сте лице со попреченост, стручен работник, персонален асистент, член на семејството или креатор на политики заинтересиран за поддржано донесување на одлуки, проектот ОДЛУЧУВАЧ ќе Ви понуди новитети и алатки во годините што следат!

Професионалците ќе го надградат своето знаење и ќе имаат можност да ги имплементираат услугите засновани на поддржано донесување на одлуки директно на лицата со попреченост. На овој начин Организациите во иднина ќе можат да нудат услуги за поддржано донесување на одлуки. Лицата со попреченост ќе ја зголемат својата самостојност, самодоверба и ќе можат да носат одлуки со кои би го подобриле квалитетот на нивниот живот. 

ОДЛУЧУВАЧ ќе ги развие следните материјали:

Водич за моменталната состојба во врска со донесувањето одлуки на лицата со попреченост.

  1. Одлучувач апликација (онлајн алатка) за професионалци и лица со попреченост за поддршка на нивното донесување на одлуки.
  2. Брошура во лесно читлива форма за поддржано донесување на одлуки за лица со попреченост.
  3. Мултимедијален пакет за поддржано донесување на одлуки за лица со попреченост, нивните семејства и поддржувачи.
  4. Упатства за професионалци за употреба на ИКТ базирана методологија за поддржано донесување на одлуки.
  5. Педагошко пилотирање и користење на сите материјали од проектот од страна на обучени лица.

На крај, но не и најмалку важно, сите овие резултати ќе се постигнат преку соработка на шест експертски организации од различни области на знаење поврзани со областа на  попреченост како што се ИТ, обезбедување на услуги за поддршка лица со попреченост,  организации за самопомош едукатори, обучувачи, лица со попреченост и професионалци за поддршка. Разновидната типологија на профили во партнерството овозможува сеопфатен пристап кон главната цел за обезбедување на збир на иновативни, ИКТ базирани и целосно достапни едукативни алатки кои овозможуваат имплементација на методологии за донесување на одлуки поддржани од системи за поддршка на лица со попреченост.

Партнерски Организации: Полска, Литванија, Шпанија, Северна Македонија и Грција.

За време на средбата меѓусебно подобро се зпознавме и разговаравме за некои основни области во врска со проектот. Средбата беше многу продуктивна бидејќи разменивме неколку гледишта врз основа на нашето различно културно и професионално потекло. 

И покрај проблемите што произлегуваат од пандемијата со корона вирусот, силно веруваме дека проектот успешно ќе се реализира и ќе придонесе за промоција на поддржаното донесување на одлуки на лицата со попречености!

Posted on

ПРОЕКТ ОДЛУЧУВАЧ

Во ноември 2020, Граѓански Центар Активум започна со реализација на интернационалeн проект насловен како “Одлучувач.” Проектот се спроведува во Македонија, Полска, Грција, Литванија и Шпанија, а се фокусира на подготовка на методологија за поддржано донесување одлуки на лицата со посебни потреби за учење.

Целта е да лицата со посебни потреби за учење (интелектуална попреченост, социјална попреченост, проблеми со менталното здравје, итн.), се воведат во концептот на поддржувано носење одлуки со што ќе добијат подобра контрола над сопствениот живот и подобрен квалитетот на живеење во заедницата во која делуваат. Поддржаното донесување одлуки ќе им даде самодоверба и ќе им помогне да стекнат самоопределување и автономија.  Воедно, еднакво важно е и родителите на лицата со посебни потреби за учење, наставниците, едукаторите и другите поддржувачи да се запознаат со овој концепт и да им се дадат сите знаења и вештини да истото го спроведуваат.  

Клучни активности за постигнување на целта се:

  • Изработка на анализа на моменталната состојба во врска со донесувањето одлуки, бариерите и проблемите при поддржано донесување на одлуки. 
  • Подготовка на ОДЛУЧУВАЧ онлајн апликација за лица со интелектуална попреченост и професионалци која ќе може да се користи  во секојдневниот живот при донесување одлуки. Кога одлучувачот сака да донесе одлука – ќе избере најдобро решение меѓу некои решенија за кои тој/таа собира знаење и кој најмногу одговара на неговите/нејзините критериуми.
  • Брошура во лесно читлива форма за поддржано донесување одлуки, која ќе содржи информации за процесот на одлучување, стекнување знаење, преземање одговорност, барање поддршка. Исто така, во брошурата ќе биде претставена и апликацијата Одлучувач.
  • Мултимедијален пакет за поддржано донесување одлуки кој ќе содржи интерактивни презентации за тренерите, едукативни филмови со лица со интелектуална попреченост, игри како и тестови со повеќе избори или други анкети.

Проектот ќе се реализира во период од 29 месеци, до Мај 2023 година, а за истиот финансиската подршка е обезбедена од Еразмус + програма, К2 акција стратешко партнерство – образование на возрасни.

Posted on

“Куманизам = Хуманизам” – видео

22 Кумановски фирми, претставници на јавни институции и локални медиуми, нашите драги локални поддржувачи и волонтери, сите заедно покажаа дека Куманизам е еднакво и на Хуманизам. Во прилог и нашето видео од настанот.

Posted on

“Куманизам = Хуманизам”- Донаторски Настан

На 07.02.2020 (петок), со почеток од 20ч, во салата на Занаетчискиот Дом во Куманово, Граѓански Центар АктивУм го организира локалниот Донаторски Настан “Куманизам = Хуманизам”, насочен кон мобилизирање на локалната бизнис заедница.

Бизнис заедницата во Куманово е активен и одговорен чинител на животот во Куманово: твори во нашата заедница, се потпира на луѓето од заедницата, но и придонесува за локален развој и враќа со поддршка секогаш кога има можност и потреба. Овој настан претставува наш заеднички придонес кон афирмацијата на донаторството и филантропијата помеѓу бизнис заедницата како алатка за општествена одговорност, но и културна вредност за соживот и солидарност.

Целта на самиот настан е да преку котизација за учество во настанот, директи донации во производи и/или учество во аукција на слики и фотографии се соберат средства кои би биле доставени на наши сограѓани кои имаат потреба од итна помош и поддршка (болест во семејство, старост и сиромаштија и други социјали ризици).

“Куманизам=Хуманизам” се организира во рамки на проектот #Култура за Куманово #Куманово за култура, имплементиран од Граѓански Центар Активум Куманово, а поддржан од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)”, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е ко-финансиран од Општина Куманово.

Posted on

Отворање на изложба на фотографии од Старо и Ново Куманово

Во четврток на 26 декември во Центарот за култура Трајко Прокопиев во Куманово со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии кои го документираат и слават Старо и Ново Куманово, а  истите ќе бидат  промовирани и во вид на  фото албум со разгледници.

Целта на изложбата е афирмација на локалната култура, традиција, но и урбано живеење и секојдневие во Куманово низ објективот на фотографите.

Ќе бидат изложени 20 фотографии кои беа дел од Конкурсот за фотографии од  старо и ново Куманово кој беше објавен во рамки на проектот #Култура за Куманово #Куманово за Култура. На конкурсот беа пријавени 181 фотографија од фотографи од Македонија и надвор од неа. Стручно жири составено од искусни фотографи, го стесни изборот на 20 фотографии кои ќе имате можност да  ги видите на изложбата, а три од нив беа прогласени за најдобри фотографии пријавени на конкурсот и парично наградени.

На изложбата ќе биде промовиран и Фото албум со разгледници од најдобрите двасет фотографии. Фото албумот ќе даде допринос за културна промоција на градот Куманово во земјата и надвор од неа и претставува запис за сите нас и за генерациите кои доаѓаат.

Годинава градот Куманово слави 500 години постоење и воедно е Град на Културата за 2019та година. Преку организирањето на изложбата и изработката на Фото албумот со разгледници од старо и ново Куманово, Граѓанскиот центар АктивУм дава свој придонес во одбележувањето на јубилејот на градот Куманово.

Изложбата ќе биде отворена од 26 декември 2019 до 10 јануари 2020 година.

Изложбата е дел од проектот #Култура за Куманово# Куманово за култура, поддржан од Регионалната програма за локална демократија во западен Балкан (ReLOaD), финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) и ко-финансирана од општина Куманово.

Posted on

КуманиУм преку камера

На 26.10.2019 го одржавме првиот КуманиУм, уличен фестивал на локалната култура и традиција. 319 учесници и многубројна публика, многу музика, танц, театар, забава и уметност во сите облици. Со нас беа Перципио, Атлета, КУД Ѓоко Симоновски, Шербет, ФазБабл, Младен-Трендо, , бендовите од Гимназија Гоце Делчев и ОСТУ Наце Буѓони, Dirty side, солистите Мартија Станојковиќ, Анастасија Спасевска, Матеј Абдулкарим, КУД Срма, КУД Српски вез, КУД Бајрам Шабани, хорот и учениците од ООУ Кочо Рацин, ООУ Крсте Мисирков, ООУ Толи Зордумис, ООУ Вук Караџич, ООУ Наим Фрешери, бозата од Реклама, јогуртот од Бучим Козјак, и нашите локални писатели, ракотворки, готвачки и нашите драги волонетри. Видеото во прилог покажува дел од прекрасната атмосфера.

КуманиУм е дел од проектот #Култура за Куманово #Куманово за култура, имплементиран од Граѓански Центар Активум Куманово, а поддржан од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)”, финансирана од Европската унија, спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е ко-финансиран од Општина Куманово.

Posted on